Заврши гроздоберот 2015

Во најголемиот лозарски регион во земјава, тиквешкиот, заврши уште една сезона за берба на грозјето. Лозарите можат да здивнат по напорната работа за собирање на родот, за кој годинава се прогнозираше дека ќе биде со врвен квалитет. Се’ одеше според плановите и очекувањата на стартот на бербата, но не и на средина од бербата и на крај. Честите врнежи од дожд и ниските температури го срушија квалитетот на грозјето, паднаа шеќерните единици, а почнаа да пукаат и зрната. ~ не информираат од Slow Food Tikves

photo © Slow Food