SLOWFOOD-SHARPLANINSKA.ORG.MK: Писмо од Карло Петрини

Храна и традициите се резултатите од средбите помеѓу луѓето во текот на нивната историја, Македонија е земја каде што патниците, номадските овчари, воините и трговците се соочуваа и се мешаа, што ја прави денес скриено богатство полно со гастрономски традиции и културното наследство.

Истовремено, разновидноста на македонската храна е загрозена од сили , кои секој ден прават овој свет се повеќе да е глобализиран, помалку разновиден и помалку космополитски.

Ова е причината зошто јас сесрдно посакувам на сите наши пријатели од Шарпланиска, Маврово – Рустуше Конвивиумот најдобар успех за сите нивни планирани активности за зачувување на биолошката разновидност на храната, промоција на храната образование и јакнење на мрежите помеѓу сите тие луѓе – или студентите, продуцентите, готвачи или потрошувачите (или ко-продуценти) – кои работат на изградба на нова идеја на производството на храна, што подразбира нова парадигма за рурален развој. И затоа придонесува за предвидување на нова и одржлива иднина.

Секако, стратегијата да ја зачувате разновидноста на македонската храна може да потекнува од легендарната веселост на овој народ, што покажува дека треба да се разбере дека храната и традициите се губати во моментот кога ќе се изгуби задоволството тие да се поделат со други.
Ообновувањето на туризмот е уште една причина за да ви ветам дека наскоро доаѓа во посета кај вас и вашата неверојатна земја.

Со почит,

Карло Петрини