Со љубов кон планетата Земја

Плевењето и наводнувањето на растенијата и зеленчукот се шанса учениците да ги користат виталните моторни вештини. Тие се, исто така, активности што промовираат одговорност © Stock photo

Ајде да растеме здраво (втор дел)

Важноста на градинарството не може да се потцени бидејќи придонесува за зачувување на инсектите и биодиверзитетот. Покрај придобивките од животната средина, градинарството има голем ефект врз децата, т.е. учениците од раните години, бидејќи тие поминуваат низ физички, емоционален и социјален развој.

Еве неколку активности и вештини кои градинарството може да ги развие кај учениците, преку нови вештини до подобри научни перформанси:

  • физичка активност;
  • одговорност и независност;
  • самодоверба;
  • тимска работа и комуникација;
  • писменост и бројност;
  • зголемени знаења од природните науки;
  • здрав начин на живот;
  • свесност за животната средина.

Наставниците можат да ги искористат овие придобивки преку активностите што ги водат на училиште како што се:

  • Плевење и наводнување

Градинарските задачи како плевење и наводнување на растенијата и зеленчукот се шанса учениците да ги користат виталните моторни вештини. Тие се, исто така, активности што промовираат одговорност.

  • Гледајќи ги плодовите на нивниот труд

Постигнувањето на целите им овозможува на учениците да станат посамоуверени, поотпорни и независни, бидејќи гледаат како нивната материјална работа се материјализира, особено кога се во можност да уживаат во храната што ја одгледале.

Уште повеќе, садењето и одгледувањето храна им нуди на учениците можност да научат за исхраната. Тие, исто така, може да бидат поподготвени да пробаат нов зеленчук доколку одгледуваат свој, па тоа може да поттикне и поздрав начин на живот.

  • Работа рамо до рамо

Училишното градинарство значи дека учениците ќе комуницираат и работат како тим кон постигнување на заедничка цел. Ова може да доведе до развивање на поголема почит и ценење еден на друг.

Тимската работа може да се практикува од самата припрема на жардиниерите/градините, па сѐ до берба и консумирање на производите. Секој тим може да преземе одговорност за дел со различен вид зеленчук.

  • Поголема соработка помеѓу наставниот кадар

Исто така, градинарството е одлична можност за отворени, опуштени дискусии во училиштата помеѓу наставниот кадар. Тоа е затоа што е докажано дека е многу полесно да имате пријатни разговори кога сте окупирани со некаква активност, отколку да седите формално, лице в лице.  Па, со тоа постои можност за тимска работа и помеѓу наставниците.

Практичната природа на градинарството значи дека учениците стануваат силни, активни деца © Stock photo
  • Практични активности

Практичната природа на градинарството значи дека учениците стануваат силни, активни деца.

Една придобивка од наставата преку градинарството е дека учениците ќе развијат способност да извршуваат задачи додека учат, станувајќи флексибилни со своето размислување. Тие ќе ги решаваат проблемите, прилагодувајќи се на новите предизвици презентирани од природата.

Овој испитувачки и наградувачки пристап кон учењето може дури и да ја подобри концентрацијата во училницата.

Понатаму, децата ќе научат за животната средина и одржливоста. Тие можат да научат за инсектите и како тие влијаат на развојот на растенијата и зеленчукот. Конечно, со активности за компостирање за деца, лесно е да ги научите да ја сакаат својата планета.

Продолжува…

Пишува: м-р Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава и член на Слоу Фуд Прилеп