Среќен 8 Март, меѓународниот ден на жената

Жените во Слоу Фуд Македонија се главни двигатели во мрежата, фото кредит: Оливер Манев / Different photography, Иво Данчев / Slow Food Macеdonia архива

Улогата на жените низ времето во прехраната на човештвото отсекогаш била фундаментална.

Тие до денес придонесуваат во зачувување и пренесување на гастрономските традиции и знаење како и во осигурувањето на храната како извор на живот и егзистенција. Не секогаш нивниот труд бил вистински вреднуван. Ова е особено важно денес кога се соочуваме со бројни предизвици како климатските промени и пандемијата. Жените ќе бидат столбот  во изградбата на правичен систем на храна, кој ќе овозможи пристап до добра, чиста и правична храна до секого.

Сите ние заслужуваме ваква храна и затоа треба да им се придружиме и да ги поддржиме жените во реализацијата на визијата за обезбедување на сигурна иднина. Ние во Слоу Фуд секојдневно им оддаваме почит и ги поддржуваме во остварувањето на своите права.

Среќен 8 Март. Меѓународен ден на жената

Домаќински и со грижа. #НашатаХранаНашаИднина!

На фотографиите се:

  • Снежана Манева, рибoловец и активист за зачувување на Дојранското езеро, член на Slow Food Dojran
  • Илинка Главевска, производител и член на Президиум Буково / Bukovo Presidium и Slow Food Bitola
  • Маре Јаневска, шеф и активист, член на Slow Food Алијанса на готвачи и Slow Food Vodno