Стратешки план за развој на Слоу Фуд во Македонија 2018-2020
Слоу Фуд во Македонија, преку своето делување промовира алтернативен модел на систем на храна, заснован на промоција и едукација за важноста и вредноста на локалниот биодиверзитет, почитување на знаењето и работата на малите производители и зачувувањето на животната средна, локалните теротории и култура.
Слоу Фуд Македонија негува пристап на слушање и учење од локалните заедници во текот на изминатите години, со цел да ја утврди сопствената улога во опшеството и да превземе активности во нивна полза. Преку овие разговори и дискусии, го развивме овој стратешки план заедно со конвивиумите и останатите групи во Македонија. Идеите и предлозите се плод на стекнатото искуство, во многу различни области, од страна на повеќе поединци кои дадоа придонес во градењето на иднината на Слоу Фуд , како координатори на работата во групи, преку еден пристап кој е инклузивен и ангажиран со цел да ги собере целата позитивна енергија, која нашите заедници се способни да ја за генерираат.
Документот презентиран на овие страници е производ на елаборациите кои произлегуваат од повеќето средби, работилници и размена на идеи и предлози од секој од нас и истиот е конципиран во два дела. Првиот дел дава преглед на нашата визија, мисија и филозофија за храната во Македонија со сите свои врски, во кои се обидовме да се потенцира она што треба и може да се подобри или промени. Во вториот дел, се сумирани и нагласени стратешките цели и приоритети на оперативната програма кои ние би сакале да се постигнат во следните три години.