Светски ден на диско супата 2020: Готви, јади и танцувај против фрлањето на храна

© Slow Food Youth Network

Од Уганда до Јапонија, Бразил до Холандија, глобалната Слоу Фуд Младинска Мрежа – на 25 април 2020 ќе ги здружи силите за одбележување на денот на Диско супата.

На овој ден низ цел свет подготвуваме забава на која организаторите и учесниците ги претвораат отпадоците од храна во супа. Настан на кој се готви, јаде и танцува прикажувајќи забавен начин на зачувување на храната, додека сериозно го сфаќаме проблемот со огромните количини на храна која се фрла.

Оваа година, меѓународната Слоу Фуд Младинската Мрежа (СФММИ) исто така ќе ги собира и зачувува рецептите од постарите генерации, низ целиот свет,со што ќе ја пренесе пораката и после Диско Супата до пошироката јавност.
Пред три години за прв пат СФММИ го организираше првиот светски Ден на Диско супата. Заеднички со повеќе од десет илјади луѓе танцувавме, во текот на целиот ден и зачувавме сериозни количини на храна. До сега имаме претворено повеќе од 50.000 килограми на храна во илјаднци вкусни оброци. Стотици настани според концептот на Диско супа, беа организирани на 5 континенти.
Да се подготвиме за четвртото издание на светскиот Ден на диско супата во сабота на 25 Април 2020!
СФММ се приклучува на глобалната акција, која оваа година ќе се одвива виртуелно на социјалните мрежи, заради пандемијата со коронавирусот.

 

Зошто да се бориме против фрлената храна со забава?

Денеска 1/3 од храната произведена за хумана консумација се фрла. Практично ги храниме контејнерите. Зачувувањето на само 25% од оваа количина би значело да се нахранат 870 милиони гладни луѓе во светот, според ФАО.
Сите ние се грижиме за овој голем проблем и сакаме да го смениме ова. Да ги наполниме стомаците, наместо кантите! Не само да ви кажеме дека не треба да фрлате храна, но да прославиме кога ќе ја зачувате. Заради таа причина организираме диско супа. Како што Тристрам Стујард – основачот на иницијативата Feeding the 5000, кој во една прилика повика:
„Со цел да ја спасиме планетата мора да подготвиме подобра забава од оние кои ја уништуваат“

Со намалувањето на количествата на фрлена храна ширум светот, би можело да се придонесе за редукцијата на емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, со што би се ублажило и влијанието на климатските промени, како што се екстремните временски појави и зголемувањето на нивоата на морињата. До 2050 година би можело да се намали емисијата до 14% од стакленичките гасови од земјоделието, доколку храната подобро се користи и се дистрибуира, покажува студијата на Институтот за истражување на влијанието на климатските промени во Потсдам (PIK).

Како започна?

Диско супата започна пред 8 години во Берлин, Германија, како Schnippeldisko, „супа на протестот“ против фрлањето на храна, која нахрани дури 8.000 луѓе.
Од тогаш наваму, започна да се шири низ светот како забава, со интересен пристап да се донесе фокусот на оваа криза. Многу различни форми се креирани до сега. Секој настан е индивидуален, сам за себе зависи од локалните волонтери кои ги организираат сите детали. Во 2016 СФММ – Бразил организираше национален ден на Диско Супата. Тогаш се запрашавме, зошто да не го пренесеме интернационално?
Во Македонија, СФММ ги организира своите членови од нашата национална мрежа вклучувајќи производители, активисти, студенти и останати професионалци во доменот за храна и се приклучивме на првиот светски Ден на Диско Супата на 28 Април 2016 и уште еднаш да повикаме за внимание против глобалниот проблем со фрлање на храна, давајќи придонес кон еден од најдобрите понови проекти на СФММИ.
„Идејата е да му се даде значење и големина на проблемот со фрлената храна, со правење повеќе настани на сите места кои ги засега овој проблем со нивно спојување во еден светски настан“ – Чаио Бонамиго Доригон, Бразилски СФММ лидер и еден од координаторите на настанот.

Што е Диско Супа?

На Светскиот Ден на Диско Супата, организаторите, присутните и готвачите ќе собера, сецкаат и готват остатоци или фрлена храна или било која храна која во спротивно би завршила во ѓубре означена како грд зеленчук или овошје (производи кои не ги исполнуваат комерцијалните естетски стандарди). За време на подготовката и и при сервирањето, музиката ја одржува атмосферата и сите танцуваат.
Тоа е забавен, гастрономски и музички настан кој што ги зближува младите луѓе, студентите, децата, постарите, готвачите и сите подржувачи од оваа војна против фрлањето на храна. Исто така е моќна алатка која трансформира најразлично знаење во едукација и свесност.
„За време Светскиот Ден на Диско Супата 2020 сакаме да прикажеме дека покрај тоа што сме земја со голем биодиверзитет, се соочуваме со предизвик за правилно мрнаџирање на ресурсите од каде што произлегува фрлената храна.
Ние успеавме да спасиме 1775,4 килограми на храна кои што најверојатно би завршиле во ѓубре. Улогата на младите е есецијална, ако работиме како тим, како пчелите, би можеле да ги постигнеме нашите цели и да придонесеме со одлични резултати“. – Изабел Калдерон СФММ-Перу – координатор, фармер и пчелар.

 

Април 25: Запомни го датумот и приклучи се!

Приклучи се и бори се со нас на забавен начин! Вклучи се на твој начин.
Подготви твоја Диско Супа. Инструкциите погледнете ги тука.
Секој може да го направи ова! Ние имаме чекор по чекор водичи спремни да ти помогнат да го постигнеш посакуваното!
Присуствувај!
Провери ја мапата за да дознаеш каде најблиску до тебе се готви Диско Супа!
Искажи ја својата подршка онлајн.
Подржи ја кампањата и следи не на Фејсбук или Инстаграм, доколку веќе правиш нешто поврзано со отпад од храна, тагни не!
#slowfoodyouthmacedonia #sfmm #worlddiscosoupday #wdsd20 #Re_generation #fillbelliesnotbins #slowfoodyouthnetwork #sfyn

Пиши ни и нас:
Светскиот Ден на Диско Супата го заслужува целото наше внимание. Доколку ве интересираат повеќе информации околу објавувањето пишете и на нашата координаторка valentina@slowfoodyouthnetwork.org.
Или на СФММ на youth@slowfood.mk или на нашата Фејсбук страница: https://www.facebook.com/slowfoodyouth/

 

Настанот е  дел од кампањата #ХранаЗаПромени, која има за цел да ја крене свесноста кај производителите и консументите за влијанието кое го има производството и консумацијата на храната врз животната средина и климатските промени. Истата е во рамки на проектот „Храна за промени“ кој го реализираат „Слоу Фуд Водно“, Скопје во партнерство со „Слоу Фуд Македонија“, Битола и „Слоу Фуд Млади Македонија“, Скопје
Финансиски поддржано во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е одговорност исклучиво на авторот и во ниеден случај не може да се смета дека ги отсликува ставовите на Европската Унија.