„Подигнете чаша“ и наздравете за светскиот ден на млекото 2020

Подигнете чаша и инвестирајте во вашето здравје © newsgram.com

Светскиот ден на млеко денес се прославува со многу ентузијазам во повеќе земји. Млекото е значаен дел од нашата исхрана уште од детските денови, а со текот на годините, не довоно знаеме ги искористиме неговите придобивки.

Овогодинешното издание на „Светски ден на млекото 2020“ се одбележува со мотото „Подигнете чаша!“ кое има за цел да шири светлина за важноста на млекото над другите пијалоци. Млекото е пијалок што може да не влијае на нашето здравје веднаш, но на крајот, можеме да ја видиме разликата. Светскиот ден на млеко се слави на меѓународно ниво и ги едуцира луѓето да знаат за различните придобивки од консумацијата на млекото.

На овој ден, различни заедници и организации зборуваат за тоа како треба да се интегрира млекото во исхраната, заради неговата висока хранлива вредност. Во некои делови на светот, се делат бесплатни пакувања со млеко им се даваат на малите деца на Светскиот ден на млеко. Некои земји организираат настани во кои луѓето можат да учествуваат и ги знаат долгорочните придобивки од млекото.

Во Македонија статистиката покажува дека нашите граѓани недоволно консумираат млеко и млечни производи, со околу 25 литри млеко, 20 литри ферментирани млека и 13 килограми сирења. Статистички податопци кои се поразителни за нас и се под просекот на граѓаните од Европската унија

Трендовите во сточарството и во производството на млеко во последните години се во надолна линија, но со цел поддршка на секторот, после повеќегодична кампања од страна на Слоу Фуд, Агенцијата за храна и ветеринарство донесен нов правилник за директно снабдување на мали количини на млеко и другите анимални производи од куќниот праг, кој е во насока на стимулација на производството, преработката и директен пласман на производите до консументите.  Една од можностите кои ги нуди истиот е продажба на свежо  сурово  млеко директно на фармата која се произведува или достава на куќниот праг, како и со помош на млекомати, во кои млекото би се доставувало директно од фарма и би се продавало разладено во рок од 24 часа. На овој начин би се овозможило на граѓаните да уживаат во вистинско млеко.

Слоу Фуд секогаш секогаш се залага консументите да имаат избор на производи, со цел да ја увидат разликата и да го прават вистинскиот избор при купувањето на млеко и млечни производи, директно од малите семејни фарми, кои одгледуваат млекодајни животни на паша, хранети со природна храна и одгледувани во благосостојба

Светскиот ден на млеко за прв пат се прослави на 1 јуни 2001 година, од страна на Организацијата  за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации. Првично, целта на Обединетите нации беше да ги едуцира луѓето и да се информираат за придобивките од млекото и да ги натераат да го консумираат повеќе. Денот на млеко помага во подигнување на свеста и пренесување на оваа здрава навика кај луѓе кои имаат динамичен животен стил.