Tера Mадре Балкан 2016: На прво место фармерите


„На прво место фармерите“ е главна тема на овогодинешното издание на Тера Мадре Балкан 2016. На кој ќе присуствуваат 350 делегати од 13 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија).

Претседателот на Слоу Фуд – Карло Петрини ќе учествува на самиот настан заедно со неколку министри од владата на Албанија и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Балканскиот регион опфаќа широк спектар на луѓе кои се занимаваат со земјоделство. Од оваа причина, оваа година темата е избрана со цел да се нагласи важноста на малите производители на храна поставувајќи ја во центарот на политичката агенда и обезбедувајќи одржлив развој во регионот.

Плоштадот на Мајка Тереза кој се наоѓа во центарот на градот, ќе биде домаќин на Пазарот на Фармерите каде што распоредени на 50 штандови, посетителите ќе имаат можност да откријат голем број на производи од заедниците на храна кои се дел од Слоу Фуд Президиумите и Арката на Вкусови кој претставува каталог на светскиот биодиверзитет.

Настанот ќе понуди серија од конференции и дебати кои ќе бидат фокусирани на мултифункционалното земјоделство, законските права на малите производители, руралниот туризам, маркетингот на занаетчиските производи земајќи ги во предвид ЕУ стандардите.

Изборот за овогодинешното издание на Тера Мадре Балкан е падна во Албанија од причини што мрежата на Слоу Фуд во Албанија постојано и брзо расте. Оваа земја има 22 производи кои се регистрирани во Арката на Вкусови-каталог на загрозени производи, два Слоу Фуд Президиуми (Пермет Глико – слатко од регионот Пермет и Мишавин – сирење направено од овчари номади од гордниот дел на алпските Келменди во Албанија), пет конвивиуми на Слоу Фуд и неколку стотици поддржувачи. Покрај тоа, албанската Слоу Фуд алијанса на готвачи беше основана во мај 2015.

Настанот е организиран од страна на ВИС Албанија и Слоу Фуд во Албанија со поддршка од Слоу Фуд, Министерството за земјоделство во Албанија, Министерството за економски развој и туризам, трговија и претприемништво и Општина Тирана. Овој настан ќе биде организиран во соработка со Универзитетот за земјоделство во Тирана, како и со поддршка од Агенцијата за меѓународна соработка во Италија.

Тера Мадре Балкан исто така ќе биде можност да се претстават престојните активности за Тера Мадре Салон дел Густо кој ќе се одржи од 22-26 септември, 2016, во Торино, Италија. Тера Мадре Салон дел Густо е еден од најважните настани посветени на занаетчиството и малите производители на храна и кој служи како еден меѓународен форум за размена. Последното издание кое се одржа во Торино во октомври 2014 година привлече 220.000 посетители од околу 60 земји, со над 3.000 делегати од околу 160 земји, и опремен маркет со 1.200 изложувачи на производи од 100 земји, вклучувајќи 300 Слоу Фуд Президиуми, производители и 400 заедници за храна на Тера Мадре.

Оваа година површина од околу 100 метри квадратни ќе биде целосно посветена на Балканот, каде повеќе од 50 заедници на храна и Слоу Фуд Президиуми ќе ги изложат и ќе ги продаваат нивните производи.

После три изданија во Софија (2010, 2012) и Дубровник (2014), мрежата на Тера Мадре Балкан ја избра Тирана за ова четврто издание. Тера Мадре Балкан е првата мрежа од овој вид кој ги обединува заедниците за храна од неколку земји во ист регион. Слоу Фуд и Тера Мадре формираа длабоко-вкоренета мрежа во регионот со неколку илјади поддржувачи, 24 Слоу Фуд президиуми, 100 заедници за храна, 50 готвачи, 15 едукативни програми за храна во училиштата и околу 280 производи од Балканот кои се наоѓаат на листата од каталогот на Арката на Вкусови на Слоу Фуд.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано во рамките на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од Европската Унија преку Генералниот директорат, а промовирано од страна на Слоу Фуд со цел подршка на процесите на европската интеграција за земјите на Балканот и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети со цел да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за руралниот развој.

Фото: президиум Глико, Албанија © Иво Данчев