Тера Мадре за Балканот 2012

Од 29ти јуни до 1ви Јули 2012 во Универзитетот во Софија, Бугарија ќе се оддржи второто издание на ,,Тера Мадре за Балканот”.

Основана во Софија пред две години, мрежата на ,,Тера Мадре за Балканот” е прва од ваков вид што обединува заедници на храна од различни држави од еден ист регион. Балканските држави споделуваат уникатни традиции што се однесуваат на исхраната и слични социјално– економски услови. Секако, зачувувањето на гастрономското наследство на балканските народи има потреба од заеднички и сериозни напори што ги надминуваат националните граници.

Република Македонија ќе присуствува на оваа манифестација со своја делегација од 20 членови, како претставници на 2та Президиуми ,,Слоу Фуд”, од 10те заедници на храна на готвачи и над 150 членови како дел од ,,Тера Мадре” мрежата во Македонија.

Помеѓу делегатите ќе се најдат и многу млади луѓе кои што пред една година ја основаа мрежата на ,,Слоу Фуд Млади” во Македонија, се со цел јакнење на свеста помеѓу младите од училишна возраст како и од универзитетските студенти во врска со гастрономските традиции, промовирајќи една поинаква храна што води сметка за животната средина, за биодиверзитетот и води сметка за сооодветен надомест за производителите на храна.

Со учеството на ,,Тера Мадре за Блканот”, мрежата на ,,Слоу Фуд Млади” во Македонија сака да стане централна точка за младите од регионот што сакаат да го променат светот на храната, со почит кон добрата, чиста и вистинска храна.

Производите од зедниците на храна и од Македонските президиуми ќе бидат претставени на пазарот на производители во сабота попладне во рамките на Ботаничката градина и ќе биде овозможена дегистација на: медот од костен од Поречјето, кцана сол, маџун од Кавадарци, Президиумот „Слатко од диви смокви“ и Президиумот „Сирења од Мавровско-Реканскиот Регион“.

,,Тера Мадре” и ,,Салонот на Вкусови” оваа година ќе се одржат во Торино од 25 до 29 октомври. Оваа година за прв пат ,,Салонот на Вкусови” и ,,Тера Мадре” се обединуваат во еден единствен настан: една единствена приказна што ги обединува мрежите на заедниците на храна на ,,Тера Мадре” со огромното богатсво, во наследство од ,,Меѓународниот Салон на Вкусови”, на производители, готвачи, работилници за вкусови, образовни активности, Президиуми на ,,Слоу Фуд”  институции.

,,Тера Мадре” и ,,Салонот на Вкусови” ќе бидат домаќини на два оддела каде што ќе се претстави Македонија каде што ќе биде возможно да се дегустира и да се купат президиумските производи од различните заедници на храна од Македонија.

За повеќе информации:
www.slowfood.com
www.terramadre.org
www.slowfoodfoundation.org

Миќеле Румиц
Slow Food – Претставник од Слоу Фуд за Балканот
+39 0172 419 746; m.rumiz@slowfood.it

Паола Нано
Slow Food – Press Office
+39 0172 419 645, p.nano@slowfood.it

Дессислава Димитрова
Координатор на настанот и Советник во Slow Food Internazionale
+359 885 432 540; dessidim3010@gmail.com