ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ Храна – помеѓу задоволството и одговорното

Трпеза Филм Фестивал(ТФФ) е интернационален фестивал на филмот и храната, организиран од страна на Слоу Фуд Млади Македонија (СФММ), кој посветува внимание на поврзаноста помеѓу филмот, културата, кујната и животната средина. На 20 и 21 јули 2014 година,  Битола како град со традиција во филмската уметност и град на филмските фестивали е избран, да се збогати со уште еден фестивал наменет за филмови за храна, имајќи ја во предвид и местоположбата на градот кој се наоѓа во Пелагониската Kотлина, средина со традиција во локалната гастрономија и обичаи, наспроти интензивното производство на храна.

Храната ретко е на филмското платно, но секогаш е тука некаде во кадар.

Трпеза-симбол на нашата храна, нејзиното славење и споделување со најблиските

„Трпеза Филм Фестивал“ е посветен на филмовите за храна, врската помеѓу филмот и храната.

Храната игра важна улога во животот на луѓето и речиси да нема филм во кој не се појавува храната. Филмаџиите се благодарни за многузначајноста на храната: споделување на храна, прикажување на навиките на главните ликови и многу други ситуации поврзани со храна, со заеднички метод на филмски начин да се пренесе пораката. Ова се обично различни документарци за храната. Документарците се насочени со поглед кон реалноста. Постојат толку многу приказни за храната да се раскажат, а истовремено храната раскажува многу за нас и опшеството. Храната е култура, храната е идентитет.

Целта на фестивалот е едноставна: младите луѓе на забавен начин да размислуваат поинаку за храна и за изборите кои ги прават  секој ден за себе, а и за светот. Да се изберат филмови кои преку проблематиката со храната, ја штитат животната средина, воедно ги зачувуваат локалните обичаи преку раскажување на приказната за “обичниот” човек и постојаните предизвици со кои се соочува за време надвор  од заедницата. Подвижните слики имаат огромно влијаније на создавањето на колективен замислен начин на живот. Храната е  чест актер на филмското платно, а во денешните цивилизациски слики,  се почесто “јадеме со очите”. Но, зад целиот тој гламур, нашминканите производи и блескавите рефлектори се кријат големи проблеми кои не можеми и не смееме да ги занемариме.

Во последните десетина години: „Super Size Me“, „Food Inc“, „Sideaways“, „Mondovino“, „Fast Food Nation“, се филмови кои одиграа важна улога во  информирањето и освестувањето на пошироката јавност кои придонесоа за порастот за важноста на здравата исхрана, кој се рефлектира денес и во кинематографијата.

Фестивалот содржи и разновидна програма на работилници, дебати, изложби и музика во кои главната улога ја игра храната, преку третирање на различни теми: начинот на кој луѓето ја обезбедуваат нивната храна, преку подготовката се до уживањто како израз на човештвото, израз на културата. ТФФ во случајов охрабрува, мотивира преку еден вид на  критички пристап, кој ја опфаќа културата на производство, преку начинот на спремање на здрава храна, преку проекцијата на кратки филмови, документарци и долгометражни филмови, кои тематски се однесуваат на прехрамбената индустрија (економските и социјалните ефекти и нивното влијаније на околината) и секако емоциите кои произлегуваат од конзумирањето на храната.