TВМ телевизија: СЛОУ ФУД ФОРМИРА КОНВИВИУМ ВО ОХРИД

Заштита од исчезнување на традиционалната и регионалните кујни, поттикнување на земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население се целите на светското Слоу фуд движење кое 10 години е присутно и во Македонија.

Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители Слоу Фуд се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата.

„Филозофијата е концепирана н атри клучни зборови, добра, чиста и правилна храна. Добра заначи сезонска свежа од локалните производители и по потекло од локалниот биодиверзитет. Чиста подразбира храна произведена согласно со природата, заштитата на животната средина односно органска храна без додавање хемикалии со почитување на благосостојбата на животните и почитувана за здравјето на конзументите на храна и првична храна подразбира фер услови на плаќање на производителот и добивање на соодветен квалитет за цената од страна на купувачот односно конзументот “

Членовите и подржувачи на организацијата Слоу фуд го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон нивната заедница и животната средина. Оваа организација во Македонија присутна е 10 години вели Николовски.

„И денес можеме да се пофалиме дека е една успешна организација кога би ја споредиле со другите сестрински оргаанизации во други земји бидејќи пред еден месец ја основавме и националната организација Слоу фуд Македонија како чадор организација на локалните ограници на Слоу фуд присутна во 9 градови во Македонија односно наречени конвивиуми “.

Организациската структура на Слоу фуд е децентрализирана, односно секој конвивиум има лидер кој е одговорен за промоција на филозофијата на Слоу Фуд преку промовирање и поддршка на локалните занаетчии, фармери, готвачи преку локални и меѓународни настани како работилници, дегустации, саеми и пазари. Во Охрид конвивиум формира истакнатата професорка од ФТУ Ангела Василеска.

„Формирањето на конвивиум не сакам да биде формално, беше многу едноставно да соберам 10 тина членови да го формирам конвивиумот, но мене целта ми беше едноставно да работам на освестување на луѓето за вистинскот значење на Слоу фуд. Направивме неколку проекти заедно со Микеле и сгроном од Италија така што заедно ја испитувавме автентичноста на нашата охридска цреша, потоа го видовме подготвувањето на ѓомлезето, бевме и на нашиот факлултет, разговаравме на многу теми, понатаму јас бев и во Истнбул во рамките на слоу фиш за заштита на рибите, така што сега сметам дека сега стигна до една матурација каде што навистина можеме да го формираме овој конвивиум ов Охрид “

Слоу Фуд е меѓународна, непрофитна организација која последниве 20 год прераснува во светско движење. Почетоците за оваа идеја но и протест датираат од отварањето на првиот Мекдоналдс ресторан во Рим, Италија кога познатиот новинар за гастрономија Карло Петрини ја препознал опасноста од глобализација и продор на брзата храна во нашиот секојдневен живот. Организацијата Слоу фуд денес претставува опозиција на фаст фуд, која е присутна во 160 земји во светот со над 100 000 членови и активисти и над 1 милион луѓе поддржувачи.

Објавено на: 15/05/2018
Медиум: https://tvm.mk/