Изложете ги вашите производи на SLOW FOOD салон

„SLOW FOOD салон“ кој ќе се одржи на 18-19 октомври во „хотел Александар палас“, Скопје“ е посветен на македонските автентични и висококвалитетни храна и пијалоци.
На салонот ќе изложуваат и продаваат производителите, кои се пријавиле со пополнување на формуларот кој е поставен онлајн на следниот линк  и добиле потврда за нивното учество од страна на организаторот Слоу Фуд Македонија.
Производителите се обврзани да ги почитуваат бараните услови.

Услови за учество:
1. Производителите лично да ги презентираат своите производи;
2. Производите се произведени во Македонија и од домашни суровини;
3. Производите за времетраењето на салонот да бидат достапни за дегустација;
4. Закупување на изложбен простор: 3.000 денари за штанд со должина од 1 метар за 1 ден; (пример: 2 метри штанд за 2 дена чини 12.000 денари);
5. Го регулираат паушалот за продажба во УЈП (дополнително во координација со Слоу Фуд);
6. Да ги почитуват подолу наведените општи и специфични правила.

Општи правила:
• Производите се произведувани според занаетчиски, традиционални или органски принципи и методи;
• Производители да се мали семејни производства или оператори со храна од мал обем;
• Производителот ја гарантира нивната здравствена исправност и безбедност;
• Производите се минимално пакувани и со материјали за пакување кои може лесно да се разложат, реупотребат или рециклираат. Диполнителни пакувања и пластични кеси не се препорачливи (посетителите со влезницата ќе добиваат торба за пазарање);
• Означување на производите: доколку производите не поседуваат декларација според „ Правилникот за информации поврзани со храната“ да бидат означени со етикета со следните информации: Име на производ, производител, место на производство, контакти, состав, рок на употреба и сл;
• За време на настанот, изложувачите да избегнуваат користење на пластични чаши, чинии и прибор за јадење (посетителите ќе имаат сопствена чаша за дегустација), дозволиви се само предмети направени од природни материјали (дрво, стакло, растителни влакна, итн.) или други биоразградливи материјали кои може да се компостираат.
• Забрането е внесување на други производи, храна и пијалоци (макар и за лична консумација) кои не се одобрени од организаторот.

Важно:
• Производителите треба да се придржуваат до дадените насоки и истите да ги почитуваат. Да ги пријават сите отстапувања или непочитување на истите до организаторот.
• Организаторот за време на настанот има право да врши контрола и проверка на производите кои се нудат на штандовите.
• Организаторот на настанот може да одобри исклучоци од овие правила, доколку сметаат дека се соодветни за конкретниот случај (спонзорство или посебен интерес на организацијата).