Вебинар: Зачувај го биодиверзитетот, промени ја иднината на храната!

Автохотните семиња се основата од која треба да започнеме со осигурување на иднината на нашата храна во време на климатски промени и масовно уништување на биодиверзитетот © Slow Food архива

Во последните 70 години уништивме три четвртини од агробиодиверзитетот внимателно селектиран од страна на земјоделците во текот на претходните 10.000 години.

Рамнотежата започна да се нарушува, со  воспоставувањето на фарми со интензивно (индустриско) земјоделско производство. Индустријата нема време да го следи ритамот на природата. За неа нема сезони и трпение. Секогаш мора да има масовно производство, во големи количини, колку може побрзо.

Денес, во една ваква реалност, повторно ги поставуваме прашањата: „Како ја замислувате вашата чинија од идината? Дали сакате повеќе вкусови или барем да ги задржите оние што ги познавате? Дали се сеќавате на мирисот на омиленото јадење од детството? Би сакале ли да го задржиме тој мирис, вкус или пак можеби атмосфера и чувство што ве поврзува со омиленото јадење? Што ако заедно со него зачувуваме уште повеќе растенија, животни, видови, подвидови, технологии, рецепти, култури, традиции и цели генерации? Сигурно прашањата ви се зголемија многу повеќе, дали ги губиме вкусовите, како, кој ги убива, што да направиме и многу други…

Можеби нема магично решение, но има повеќе одговори и повеќе начини да се делува. Затоа ние ги поканивме најактивните, луѓето кои секојдневно ги зачувуваат вкусовите, активистите за храна кои неуморно работат на зачувување на биодиверзитетот, да ги пренесат искуствата, активностите и желбите за иднината на храната. Детално ќе ни ги доловат своите аспекти, причини и идеи како понатаму да го зачувуваме биодиверзитетот и кои се најопасните закани.

Ве покануваме да се вклучите во  вебинарот, петок 15.05 2020 во 20:00 часот, каде ќе ги дискутираме овие прашања, заедно со:

  • Шенај Скендеровска, Слоу Фуд Млади Македонија,
  • Билјана Филиповска,  Дива Перуника
  • Димитар Самарџиев, Зелената Арка и
  • Љупчо Василев, Фабија

 
Вебинарот кој ќе се одвива на Зум, а директно ќе се пренесува на Фејсбук, ве покануваме да учевствувате со вачи прашања, Следете не на фејсбук страните на: Слоу Фуд Водно и Слоу Фуд Македонија

Во стилот на Слоу Фуд нема да го изоставиме и уживањето, ќе се потсетиме на културата на храна која сите не спојува.


*Настанот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ. Проектот е финансиран од Европската унија.

#Биодиверзитет#ДаЗборувамеЗаКлима#ХранаЗаПромени