Вечер: Не може ЕУ да ни забрани и да печеме ракија, да правиме ајвар, да садиме јабучари…

Македонија не смее да дозволи да ги изгуби автохтоните сорти и семиња, бидејќи во ерата на масовно уништување на биодиверзитетот, тие се клучот за обезбедување на нашата храна во иднина. На глобално ниво 75 отсто од агробиодиверзитетот е уништен да не дозволиме на овој начин да се уништат и останатите 25 отсто.

Ако влеземе во ЕУ нема да печеме ракија, нема да правиме ајвар, нема да произведуваме јабучари, куртовска капија… Ние треба сами да се избориме до влез во ЕУ да донесеме посебни правилници со кој ќе ги заштитиме нашите автохтони сорти и семиња. На глобално ниво 75 отсто од агробиодиверзитетот е уништен и да не дозволиме на овој начин да се уништат и останатите 25 отсто. Ова се дел од коментарите на македонските експерти во врска со забраната на ЕУ за употребата на автохтоните и стари сорти на семе во Хрватска.

Претседателот на Агробизнис комората при ССК и сопственик на компанијата „Агроунија“,  вели дека и покрај тоа што Македонија сè уште не е членка на ЕУ сите наши закони и правилници мора да ги усогласиме со европските, а тоа значи и оние кои се однесуваат за забрана на употреба на автохтони сорти и семиња.

-Автохтоните сорти и семиња може да се употребуваат до влез на Македонија во ЕУ, а потоа македонските компании да се прилагодат на европските барања. Сепак мислам дека автохтоните сорти не се забранети за мали количини, а Македонија има мал број на автохтони сорти. Од 2019 година во европскиот каталог на сорти за првпат се внесени две македонски сорти пченици што значи дека нивното семе може да се продава во земјите од Европската Унија, вели Оровчанец.

Тој додава дека од интерес за Македонија е да има сопствени автохтони сорти за да нема одлив на девизи.

-Во Европа веќе не проаѓа таа терминатор технологија која ја употребува Монсанто. Во време на вегетација растенијата се третираат со посебни хемикалии при што се губи нивната способност за размножување. Поради тоа, компаниите секоја година мора да купуваат нови сорти и семиња од Монстато, вели Оровчанец.

Според Николче Николовски, претседател на УО на „Слоу фуд Македонија“, вели дека ние самите треба да се избориме со посебни правилници и програми да ги заштитиме нашите автохтони сорти.

-Државата, науката и фармерите треба заедно да работат на промоција и заштита на автохтоните сорти. Треба да се работи на понатамошна селекција, одгледување и репродукција на овие сорти и семиња кои потоа ќе бидат ставени во националната листа и ќе можат слободно да се произведуваат во државата и надвор од неа, вели Николовски.

Тој додава дека не смееме да дозволиме да ги изгубиме автохтоните сорти и семиња, бидејќи во ерата на масовно уништување на биодиверзитетот, тие се клучот за обезбедување на нашата храна во иднина.

-Прва задача е да ги информираме локалните производители кои се сопственици на овие автохтони сорти и семиња да бидат свесни за богатството што го поседуваат, вели Николовски.

Автохтоните сорти на семе, сепак, за разлика од овие „високоприносни и интензивни“ сорти, се прилагодени на локалните околности. Покрај тоа што се далеку по вкусни и со повеќе хранливи материи, зеленчукот и овошјето од автохтоните сорти бараат помалку вода и ѓубриво и не треба да бидат заштитени со што повеќе хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, со што директно се намалува загадувањето на животната средина. (А.С.)

Објавено на: 22/01/2020
Медиум: https://www.vecer.mk/