Видео забави: Разговори во живо со гастрономите

© UNISG

Што се случува кога ќе се искомбинира прекрасна заедница на алумни од сите различни области на експертиза за храна и карантин кога сите седат дома?

Нашиот одговор: Видео забава! Каква што можат да приредат само дипломираните студенти на Универзитетот за гастроноски науки во Поленцо.

Изминатите недели, секој ден, а и следните денови во 17 часот, по еден гастроном дневно, споделува знаење и искуства за тема од неговата област на работа. Култура на храна, занаетчиски пива и дестилати, социјално претприемништво и домородните народи, одржлив систем на храна, примената на модерните интернет алатки во справувањето со проблемот на фрлена храна.. избрани се актуелни теми, придружени и со презентации

Можете да се придружите на овие настани, следете ги на следниот линк. Во дискусијата можете да се вклучите со прашања, испрајќајќи ги во коментари под стримингот.

Погледнете ги во дискусија изминатите изданија на Разговорите со гастрономите.

Придружи се на забавата!

#СедиДома #БидиСлоу