VINO.MK: БОЕМСКИ ВИНСКИ САЛОН, БИТОЛА

Првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола ќе се одржи на 27 декември 2018 година во холот на Народен театар Битола со почеток од 15 часот. Завршувајќи ја успешно 2018 година, Слоу Фуд организацијата на Битола и Пелагонискиот регион ќе им понуди еден нов настан, на кој посетителите ќе се запознаат подобро со малите производители на вино, ќе може да ги слушнат нивните вински приказни и на кој ќе може да се дегустираат вина направени со страст. Идејата на настанот е да се гради винската култура во регионот и постителите да се едуцираат за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина. Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола “, со поддршка на Општина Новаци, ЈП Водовод, Битола, Горска вода, Бабук, ЈП Пазари, Битола и Народен театар Битола, кои помогнаа да се промовира филозофијата на Слоу Фуд преку презентација на вина од малите винарници. Слоу Фуд ве очекува заедно да го славиме виното. 

Објавено на: 24/12/2018
Медиум: http://vino.mk/