Да ја зготвиме револуцијата заедно! – Водич за мобилизирање на активисти за храна

Во градењето на визијата за иднината активистите на Слоу Фуд секогаш мора да го имаат во предвид обезбедувањето на „добра, чиста и правична храна за сите“. За нејзиното остварување потребни се нови лидери, нови заедници и нови сојузници на локално ниво со цел да се создаде мнозинство кое е потребно за промена на системот на храна, најпрво на локално ниво, а потоа и на глобално ниво, чекор по чекор, полека, но стабилно. Иднината на движењето треба да се гради според оваа визија, следејќи го гласот на младите лидери во Слоу Фуд. Нивната посветеност и страст создаваат конкретни позитивни резултати во нивните заедници. Тие се вистинското богатство за организацијата, бидејќи се распространети насекаде.

Големите компании ги контролираат најголемите канали на комуникација, но активистите на Слоу Фуд можат да одат на терен и да разговараат директно со луѓето, покажувајќи ја нивната страст, нивните приказни и нивната посветеност и објаснувајќи зошто Слоу Фуд е неопходна за иднината на планетата. Можеме да го промениме светот, а Слоу Фуд веќе го знае рецептот и кои се клучните состојки за позитивна промена и работи на тоа − вистински пораки, мрежа на мали одржливи производители, свесни луѓе (како потрошувачи) и одржлива политика за храна. Само со постигнување на одлични резултати во секој од овие канали ќе ја обезбедиме нашата иднина.

Една од најважните активности на Слоу Фуд е едукација за храна и мобилизирањето на нови членови и активисти. Започнувајќи со едукација уште од најмладите генерации, ние ги создаваме лидерите на иднината. Слоу Фуд им е потребенна младите лидери кои се појавуваат подготвени да влезат во играта за да ги слушнат нивните гласови, да ги здружат и пренесат до пошироката јавност со цел да создадат поодржлив систем на храна.

Овој водич е направен од искуствата на Слоу Фуд за организирањето и мобилизирањето на активистите за храна. Метафорично е претставен во форма на готвач, што ќе ви ги покаже основните состојки на активизмот за храна и начините за нивна подготовка, а истовремено ќе ве инспирира за креирање понатамошни рецепти за мобилизација.

Целата брошура симни ја од тука.