Заврши осмото издание на биеналниот фестивал CHEESE! 2011, Le Forme del Latte

До:
Средства за јавно информирање во
Република Македонија

Во периодот од 16-19.09 2011 година на улиците на  Бра историски центар за зреење на сирења во Северна Италија и место каде се наоѓа централната канцеларија на свеската мрежа за „Слоу Фуд“ организацијата, се одржа осмото издание на биеналниот фестивал CHEESE! 2011, Le Forme del Latte (Чииз 2011, Формите на млекото).

Станува збор за специјализиран фестивал за сирења и други млечни производи, најголем и најрепрезентативен фестивал во светот на кој се изложуваат најпознатите и најавтентичните сирења од светот и учествуваат голем број на занаетчиски производители, трговци, експерти и љубители на сирењето.

Во текот на четирите фестивалски денови од утро до вечер, присуствуваа околу 160.000 посетители, кои можеа да пробаат од сирењата во улицата на президиумите, каде беа присутни 71 президиуми на сирење од светот, да купат сирење во Пазарот на сирењето каде беа присутни илјадници излагачи, да уживаат во комбинацијата на сирење и вино во „Големата сала на сирењето“, како и во уличната храна, пивотеката или плоштадот на пицата.

Исто така во текот на фестивалот се одржуваа семинари и дискусии од областа на млекарството, многубројни работилници за вкус и дегустации, едукација за младите генерации и концерти на ворлд музика.

     За првпат оваа година беше претставен и вториот македонски президиум „Сирења произведени во услови на  висикопланинска испаша, на мандра од Мавровско-Реканскиот Регион, каде беа претставени: Галичкиот кашкавал, сирењето од Кораб и Требишкото сирење.

Уште во текот на првиот ден президиумот беше официјално претставен заедно со другите нови президиуми во црквата Сан Роко како и промоцијата во кафулето на фестивалот, проследени со дегустација на сирењата, додека проф. Соња Србиновска имаше презентација во рамките на курсевите „Мастер оф Фуд“, кои беа посветени на парените сирења. Сирењата беа изложени и се дегустираат на македонскиот штанд во улицата на президиумите. Нивните вкусови беа одлично прифатени  од страна на посетителите, кои разочарани си заминуваа од неможноста да ги купат истите, од причина што неможат истите легално да се увезат. Уникатноста на сирењата, во поглед на регионот и начинот на кој се произведуваат и специфичните органолептички својства на сирењата, е она што го привлекува вниманието на одговорните во ,,Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет”, експертите и конзументите. Во текот на фестивалот беа дадени повеќе изјави и интервјуа за медиуми и порталите на ,,Слоу Фуд”, така што во повеќето статии беа споменати нашите сирења.

     ,,Слоу Фуд” во Македонија преку овој проект и со активностите кои ги реализра во текот на Cheese! 2011 фестивалот, помага во зачувувањето на традиционалното производство на овие млечни производи и за првпат да ги промовира и изнесе на светскиот пазар во поновата историја.

Николче Николовски,

Национален координатор на мрежата и координатор на президиумот

Појаснување:

   ,,Слоу Фуд (Slow Food) е глобална, непрофитна организација со членови и подржувачи насекаде во светот, кои го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон нивната заедница и животната средина. Промовирана како алтернатива на брзата храна, ,,Слоу Фуд” настојува да ги заштити традиционалните и регионалните кујни и да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем. Своите цели за здрава храна и промоција на локалните мали производители се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделските производи.

Повеќе информации на следниот линк:

  Президиум (praesidium (лат.)= заштита) претставува највисоко и најприоритетно ниво на заштита на еден производ од исчезнување од страна на Слоу Фуд организацијата. Поконктретно, президиумите се мали локални проекти преку кои што се овозможува да им се помогне на ситните фармери и занаетчиските производители на храна да го зачуваат нивниот традиционален начин на производство и локалните видови, раси и сорти. Нивната цел е да се гарантира соодветна иднина за локалните заедници преку организирање на производителите, изнаоѓање на нови економски придобивки за нив и промоција на регионите и гастрономијата во истите.

    Во Македонија досега се работат два вакви проекти, за „Слаткото од диви смокви во Југоисточниот Регион од Македонија“ и „Сирењата произведени во услови на  висикопланинска испаша, на мандра во Мавровско-Реканскиот Регион“ (кашкавалот, белото сирење и киселото млеко).

http://www.slowfoodfoundation.org/pagine/eng/presidi/cerca_presidi.lasso?-id_pg=11

Контакти за изјава:

  • Николче Николовски, национален координатор на Слоу  Фуд во Македонија и шеф на делегација на Cheese 2011! nnikolce@t-home.mk 070/922-429
  • Д-р Соња Србиновска, професор на Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, консултант за проектот
  • Александар Димовски, одговорен за контрола на квалитет во „Вардар Градско“ и Мандра „Галичник“

Корисни линкови:

Статии од веб порталите на „Слоу Фуд“: