ЗЕЛЕНА БЕРЗА: Над 350 видови вино на „Винодонија 2017“

Прес прегледЗЕЛЕНА БЕРЗА: Над 350 видови вино на „Винодонија 2017“

Сподели

Преку 350 видови вино од 40 македонски и винарии од регионот, Италија, Франција, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017“ што ќе се одржува на 1-ви и 2-ри декември во хотелот „Мериот“.

 Настанот го организира група вински консултанти, судии и ентузијасти под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења и сувомесни производи, како и десет едукативни работилници: за македонската автохтона станушина и за темјаниката, за вината од Хрватска, за разликите меѓу македонските и црногорските вина, за винскиот пат во Бугарија.

Ќе се комбинираат специјалитети од Дубровник со македонски вина, а најавено е и учество на гастро-изложувачи и на претставници од Слоу фуд Македонија кои на посебни штандови ќе понудат наша, традиционална храна.

– Целта на настанот е да придонесеме за развој на винската култура во земјава и пошироко, да фатиме чекор со современите трендови, регионалните и случувањата во Европа преку носење винарии со различна големина, капацитет, филозофија, стил, приказни, портфорлио, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на сомелиери на Република Македонија Александар Вучковски.

Според него, само со дегустација и запознавање различни вински сорти, можеме да ја развивавме винската култура, а не со постојано консумирање исти видови вино.

На прес-конференцијата беа и другите организатори, Звонко Херцег, вински експерт, и Ивана Симјановска, вински писател и интернационален вински судија.

Винодонија 2017 официјално ќе почне во петок од 13 до 16 часот кога ќе има и директни средби на претставниците од винариите. За јавноста, пак, настанот ќе биде отворен од 16 до 20 часот во петок и во сабота од 13 до 20 часот. Еднодневните влезници чинат 490 денари, што вклучува подарок – чаша и неограничено дегустирање, додека билетите за работилниците се со различни цени, од 600 до 1.800 денари.

Објавено на: 30/11/2017
Медуим: https://zelenaberza.com.mk/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...