ЗЕЛЕНА БЕРЗА: Прв „Пазар на локална храна“ во Битола

Прес прегледЗЕЛЕНА БЕРЗА: Прв „Пазар на локална храна“ во Битола

Сподели

За првпат во Битола на 15 септември ќе се организира „Пазар на локална храна“. Настанот го организираат Slow Food Македонија и Slow Food Битола во соработка со ЈП „Пазари“ Битола.

Пазарот предвидено е да функционира на локација во Новиот Пазар во Битола,  секоја сабота во наредните три недели.

„Идејата за организирање на еден ваков пазар проникна од потребата на локалните производители кои произведуваат органска храна, оние мали производители што произведуваат храна на традиционален начин да најдат пазар, односно полесно да го пласираат својот производ и да стигне полесно до крајните потрошувачи“ изјави за Зелена берза Николче Николовски од Slow Food Битола.

Според информациите со кои располага Slow Food Битола, во овај регион функционираат околу 95 производители  што се занимаваат со органско производство и над 40 производители кои произведуваат храна на традиционален начин каако што се: сирење, изварка, месо, јајца, домати, пиперки и др.

„Разликата на овој од секојдневниот пазар е во тоа што селекцијата на производителите ја прави Slow Food Битола, со за нас познати производители на храна. При тоа им се дава предност на мали семејни производители кои произведуваат на традиционален начин и директно ги продаваат своите производи на пазарот. Целта е да се воспостави директна релација меѓу производителите  и консументите, а со тоа да се гради и доверба  меѓу нив по однос на квалитетот на производите при што целокупната заработка ќе оди директно кај производителот“ објаснува Николовски.

Организатор на настанот  е Slow Food Битола како дел  од меѓународната организација Slow Food во која членуваат 150 земји од цел свет кои се спротиставуваат на брзиот начин на живот и појавата на брза храна.

Павлина Јовановска

Објавено на: 15/09/2018
Медиум: https://zelenaberza.com.mk/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...