ЗЕЛЕНА БЕРЗА: Зелена берза организира Есенски саем

ЗЕЗ „Зелена берза„  во склоп на своите програмски активности на 20 декември ќе  организира „Есенски саем“ за промоција на земјоделското производство . во рамки на манифестацијата ќе се одржи и панел дискусија „Агро бизнис муабети“. Дискусии, прашања, муабети, дружење, се на едно место во Хотел Премиер ( Лавчански пат) . Осум панелисти ќе презентираат актуелни теми од земјоделството и ќе се обидат да ги рзрешат дилемите и прашањата на присутните. На панел дискусиојата ќе бидат застапени следниве теми и презентери:

„Даночни предизвици за 2019 година “, презентер   м-р Злате Муневски, даночен советник во  УЈП  РД  Битола
„Легализација на бесправно изградени објекти – фарми “ презентер   Горан Бурески, правник во одделение за урбанизам во општина Битола,
„Можностите на ИПАРД  2 програмата – Инвестиции во материјални средства на земјоделско стопанство“ , презентер   Андреа Соколовски , советник во АПРЗ Битола
„Болести на папците и влијание врз млечноста кај кравите“, презентер  доц. д-р  Мими Ристевски, декан на Ветеринарен фкултет Битола
„Хигиена на млеко“, презентер   Андреа Соколовски, советник во АПРЗ Битола
„Анализа на почва“, презентер   дипл.  инж. агроном Зија Саидов, директор на лабораторија „Проанализ“ Струмица,
„Ѓубрење и заштита, важен предуслов за квалитетно земјоделско производство“, презентер дипл. инж. агроном  Андреа Игњатовски, Алкалоид Скопје,
„Економското здружување – предизвик за земјоделците“, презентер   Менде  Ивановски, претседател на „Македонска асоцијација на земјоделски задруги“.

На саемот ќе бидат присутни  16 фирми и поединци  кои ќе ги изложат своите производи и услуги. Разни видови сирења и кашкавали, органски мед и останати пчелини производи, буковска пипер, цвеќиња и други растителни билки,подобрувач на почва и други хемиски производи. Ќе изложуваат членови на „ Слоу Фуд“ Битола, „Пчеларник БН“ Дихово, „Хоризонти микрокредитирање“, „Проанализ“ Струмица , „Скопски легури“ Скопје,  Игор Поповски –  „Слоу фуд“,  Пчеларник БН – Дихово, Даниела Мандровска „Слоу фуд“, Елена Каровска „Слоу фуд“, „Пресил цвеќара“, „Алкалоид“ Скопје, „ СН Осигурување “ Битола, Ѓоре Захарчев – Кавадарци, Илчо Даскалоски – Мало Коњари Прилеп, „ Синпекс“  Битола, „ Агрина“, ЗЕЗ„ Зелена Берза“  – Битола, Менде Трајковски пчелар .

Во една релаксирана предновогодишна атмосфера  заинтересираните ќе имаат можност  да вкусат дел од производите и секако да наздрават за сегашни и идни успеси. Настанот е закажан за во 10 часот.

Објавено на: 19/12/2018
Медиум: https://zelenaberza.com.mk/