Terra Madre Salone del Gusto 2026 заврши со обновен политички мандат за глобалното движење Слоу Фуд.
По четири дена дебати и заеднички активности, сите гости: земјоделци, рибари, лидери, готвачи, занаетчии, активисти и други учесници се собраа во Торино со заедничка порака: храната е моќна алатка за справување со еколошките, социјалните и политичките предизвици на нашето време.
„Карло не научи дека храната е култура, радост, идентитет, правда и грижа за Земјата- истакна Едвард Мукииби, претседател на Слоу Фуд.
Тој нагласи дека нема храната без мир, ниту траен мир без правда, и дека движењето го отфрла индивидуализмот, го исклучува национализмот, а се залага за различност, солидарност и соработка.
На Собранието на учесниците на Слоу Фуд беше усвоена заедничка политичка визија за следните четири години што ја потврдува посветеноста на движењето кон правичноста на системот на храна, заштита на биодиверзитетот и општествени промени, преку дејствување на локално и глобално ниво.
Усвоената декларација „Real Connections for Real Change“ претставува одговор на климатските промени, вооружените конфликти, растечките нееднаквости, демократските назадувања и концентрацијата на моќта во глобалните системи на храна.
Декларацијата повикува на посилна заштита на биодиверзитетот, признавање на храната како основно човеково право, поддршка на агроекологијата и прехранбениот суверенитет, како и заштита на правата и знаењето на домородните народи и локалните заедници.
За следните четири години се утврдени четири приоритети:
-Создавање посилни и поинклузивни заедници поврзани со храната.
-Проширување на мрежата на фарми што применуваат агроеколошки практики и го штитат биодиверзитетот.
-Едукација и подигнување на свеста кај еден милион луѓе за влијанието на изборот на храна.
-Зајакнување на улогата на Slow Food како глобален политички глас во областа на храната, земјоделството, климата и биодиверзитетот.
По смртта на основачот Карло Петрини, Собранието ја потврди неговата визија, но и ставот дека иднината на Слоу Фуд не зависи од еден човек, туку од илјадници заедници, нивното знаење, поврзаност и заедничко дејствување.




