Нашиот Импакт

Нашата приказна започнува во 2008 година, со основање на првиот конвивиум во Македонија „Слоу Фуд Скопје“, во следните години како полжавчиња после дожд се раздвижија повеќе членови и се основаа повеќе конвивиуми, во повеќе заедници, здружени во својата мисија.

Слоу Фуд Македонија активно придонесува кон развојот на одржливи локални заедници преку поддршка на мали производители, традиционални производи и едукација за одговорна исхрана. Нашите активности се насочени кон зачувување на биодиверзитетот, гастрономското наследство и локалната култура на храна во Македонија.

Преку различни проекти, работилници, настани и соработки, создаваме простор каде што производителите и потрошувачите се поврзуваат директно и градат взаемна доверба. Инспирирани од вредностите на Slow Food International, се стремиме да промовираме храна која е добра, чиста и правична за сите.

Нашиот импакт се гледа во зголемената поддршка за локалните производители, подигнувањето на свеста за одржливи практики и зачувувањето на традиционалните рецепти и техники. Веруваме дека секоја локална иницијатива има моќ да создаде позитивна промена — за луѓето, заедниците и животната средина. Преку заедничка работа, градиме поодржлива и посвесна иднина за храната и земјоделството во Македонија.

Денес нашата мрежа, претставена во бројки

2008

прв конвивиум во Македонија

Слоу Фуд Скопје

9

конвивиуми

Локални ограноци ширум Македонија

36

производи во Арката на вкусови

Загрозени македонски вкусови во меѓународниот каталог

5

Слоу Фуд Президиуми

Заедници на производители кои чуваат загрозени производи

20

основни училишта

Со Слоу Фуд училишни градини

76

делегати на Вториот конгрес

Битола, 2024

4

изданија на Слоу Фуд Салон

Од 2019 до 2025 година

17

Слоу Фуд гостилници

"старомодно" гостопримство од страна на домаќините.

1

младинска мрежа

Слоу Фуд млади на Македонија