Структура на меѓународна мрежа
Slow Food International е координативно правно лице на глобалното Слоу Фуд движење. Во Слоу Фуд движењето се вклучени над милион луѓе од повеќе од 160 земји кои формираат мрежа од повеќе од 2000 локални групи кои може да бидат во форма на заедници, конвивиуми, тематски мрежи или фарми.
Заедниците се групи на луѓе кои ги делат вредностите на Слоу Фуд и ги здружуваат силите за да постигнат одредена цел.
Конвивиумите се локални ограноци на Слоу Фуд движењето на локално ниво и се составени од членови кои плаќаат членарина и ја промовираат филозофијата на Слоу Фуд.
Тематските мрежи ги собираат поединците и локалните групи за да соработуваат околу заедничка тема и да придонесат кон мисијата на Слоу Фуд (Слоу фуд училишни градини, Слоу Вино, Слоу Фиш, и.тн.)
Фармите на Слоу Фуд се веќе подготвени да станат мрежа од фарми кои произведуваат добра, чиста и фер храна по агроеколошки принципи.
Национални Slow Food здруженија постојат таму каде што мрежата е добро развиена и може да ги одржи своите активности, придонесуваат во развојот на глобалното движење и координираат регионални политики. Национални Слоу Фуд здруженија моментално има во Бразил, Германија, Велика Британија, Италија, Кенија, Холандија, Јапонија, Македонија, Австрија, Русија, Јужна Кореја, Швајцарија, Уганда, САД.
Slow Food Foundation for Biodiversity е придружен субјект основан од Slow Food International кој се фокусира на заштита на ретки видови храна, загрозени животински раси и земјоделски традиции преку проекти како што се Арката на вкус и Президиумите, Алијансата на шефови, Пазар на фармери, Слоу Фуд градини во Африка.
Универзитет за гастрономски науки е придружен субјект основан од Slow Food International и Slow Food Italy, обезбедува специјализирани академски студии.
Седиштето и канцелариите на тимот на Slow Food се во Бра, Италија, а има и придружни канцеларии во Брисел, Белгија, преку кои управува со секојдневните глобални операции и ја поддржува мрежата.
Структура на управување
Слоу Фуд е управуван од Меѓународен одбор на директори, кој е негово највисоко управно тело. Стратешките одлуки се развиваат од тесен дијалог помеѓу Управниот одбор на директори, Интернационалниот совет и тимот на Слоу Фуд.
Управниот одбор на директори е интернационален и внесува богато меѓународно искуство во глобално движење, а одговорен е за поставување на стратешката визија на организацијата, надгледување на буџетот и водење на донесувањето на одлуки во тесна консултација со мрежата.
Интернационалниот совет делува врз политиките и стратегиите и претставува референтна точка за интеракција помеѓу Управниот одбор на директори и локалните заедници за храна од целиот свет. Советот се состанува за да дискутира за клучни политики, да ги дефинира долгорочните стратегии и да ги поврзува локалните заедници за храна низ целиот свет. Советот го одразува интернационалниот карактер на организацијата, со 32 лидери на Слоу Фуд кои доаѓаат од 26 земји, претставувајќи ги сите пет континенти.
Член на интернационалниот совет е и Николче Николовски, претседател на управниот одбор на Слоу Фуд Македонија.
Одборот на советници е основан во 2024 година, а членови се високопрофилни меѓународни личности во областа на студиите за животна средина и активизмот за одржливи прехранбени системи. Нивната задача е да ги советуваат раководните тела во однос на стратегии, проекти, можности и соработки насочени кон постигнување на мисијата.
Одборот на ревизори го надгледува управувањето со Фондацијата и почитувањето на законот, Статутот и внатрешните прописи и обезбедува почитување на принципите.
Арбитражен одбор го следи почитувањето на Статутот, правилниците и општо земено нормите на добро однесување, разгледува пријави за дејствија и однесувања кои би можеле да претставуваат повреда на нормите на однесување, и комуницира со управниот одбор на директори.
Собранието на учесници се одржува на секои четири години, номинира членови во рамките на Управниот одбор и дава советодавни мислења и предлози за активностите, плановите и целите на Slow Food. Собранието на учесници на Slow Food е еден од најважните моменти во животот на движењето. Собирајќи околу 800 делегати со право на глас од повеќе од 120 земји, ова е местото каде што глобалната мрежа на Slow Food помага во обликувањето на политичката и стратешката насока на Фондацијата и учествува во клучните одлуки за управување за претстојниот мандат.


