Меѓународни Настани
Македонската храна на светските сцени на Слоу Фуд.
Меѓународните настани на Слоу Фуд ги собираат производителите, готвачите, активистите и младите од целиот свет. На нив македонските производители и готвачи ја претставуваат нашата храна, ги раскажуваат приказните на нашите Президиуми и учат од заедниците од другите земји.
Големите настани на Слоу Фуд
Terra Madre Salone del Gusto
Каде
Торино, Италија
Кога
Секои две години
Од
1996 година
Најголемиот меѓународен настан на Слоу Фуд. Салоне дел Густо започна во 1996 година, а од 2004 година заедно со него се одржува и Terra Madre, светската средба на заедниците на храна. Денес тоа е еден настан на кој се среќаваат производители, готвачи, истражувачи и активисти од целиот свет.
Cheese
Каде
Бра, Италија
Кога
Секои две години
Од
1997 година
Меѓународен фестивал посветен на сирењата и млечните производи, особено на сирењата од сурово млеко. Се одржува во Бра, градот каде што е основан Слоу Фуд.
Slow Fish
Каде
Џенова, Италија
Кога
Секои две години
Од
2004 година
Настан посветен на одржливиот риболов, малите рибарски заедници и заштитата на морските и водните екосистеми.
Македонија на светската сцена
2026
-
Terra Madre Salone del Gusto
Делегатите на Слоу Фуд Македонија ги споделија нашите традиции и учеа од заедниците на Слоу Фуд од повеќе од 125 земји. На Собранието на учесниците на Слоу Фуд, каде што делегатите од различни земји носеа одлуки важни за иднината на глобалното движење, делегатите од Македонија дадоа придонес во обликувањето на идните насоки, плановите и приоритетите на организацијата, како и во изборот на новиот Одбор на директори.
2022
-
Terra Madre Salone del Gusto
Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за прв пат имавме свој штанд со кујна, на кој успешно беа претставени 40 производи, меѓу кои и македонското јагне. Делегацијата од 30 луѓе имаше полна петдневна програма.
2016
-
Terra Madre Salone del Gusto
Македонските Президиуми беа дел од претставувањето на богатството на балканскиот прехранбен биодиверзитет. Во 2016 година беа претставени и новите Президиуми на Станушината и македонската медоносна пчела.


