Школа за Одржлива Гастрономија
Кујна што почнува кај производителот, ја почитува сезоната и не фрла ништо.
Одржливата гастрономија почнува кај производителот и завршува без отпад. Школата ги поврзува традиционалната македонска кујна со одговорното угостителство: локални и сезонски состојки, природни процеси и техники кои ја почитуваат храната и луѓето што ја произвеле.
Теми
- Локално и сезонскоГотвење со состојки од малите производители, Президиумите и Арката на вкусови, во согласност со сезоната.
- Природни процеси и ферментацијаПриродна храна, природни процеси и рецепти со ферментација, како начин за чување и за нови вкусови.
- Кујна без отпадКористење на целата состојка, планирање и намалување на отпадот од храна во кујната.
- Зелено угостителствоПомалку отпад, енергетска ефикасност и кратки синџири на снабдување во рестораните и хотелите.
Од нашата работа
-
Мај 2026
Кујна без отпад и зелено угостителство
Посетата на Филип Ондрушек вклучи разговор за кујна без отпад и панел за зелено угостителство, за намалување на отпадот, енергетската ефикасност и кратките синџири на снабдување.


