Мобилна Апликација
Слоу Фуд Македонија во вашиот џеб: производители, вкусови и настани, секогаш со вас.
Мобилната апликација на Слоу Фуд Македонија ги собира на едно место Президиумите, Арката на вкусови, производителите, Слоу Фуд гостилниците и готвачите од Алијансата, заедно со мапа на нивните локации и календар на нашите настани. Апликацијата е достапна на македонски и англиски јазик.
Што содржи апликацијата
Президиуми
Македонските Слоу Фуд Президиуми, со приказната за секој производ и заедницата која го чува.
Арка на вкусови
Македонските производи внесени во меѓународниот каталог на загрозени вкусови.
Производители
Производителите членови на Слоу Фуд, со нивните производи и локации.
Ризница
ОПИС НА РИЗНИЦАТА
Slow Food гостилници
Гостилниците кои работат според принципите на Слоу Фуд, со локални и сезонски производи.
Алијанса на готвачи
Готвачите кои ги носат производите на малите производители во своите кујни.
Уште во апликацијата
Мапа
Локациите на производителите, гостилниците и готвачите на мапа, за полесно да ги пронајдете и посетите.
Календар на настани
Настаните од календарот на нашата веб-страница, на едно место во вашиот телефон.
За Slow Food
Што е Слоу Фуд, како функционира движењето и што работи Слоу Фуд Македонија.
Контакт
Директен контакт со Слоу Фуд Македонија, од самата апликација.
Два јазика
Целата содржина е достапна на македонски и англиски јазик.
За проектот
Реализацијата на оваа мобилна апликација е во рамки на проектот „Зајакнати капацитети на Слоу Фуд Македонија за агроеколошка трансформација“, финансиран од Шведска преку шведската развојна организација We Effect.
Преземи ја апликацијата
Апликацијата наскоро ќе биде достапна за преземање.
Во изработка
Апликацијата за Android наскоро ќе биде достапна за преземање.


