Публикации
Знаењето на Слоу Фуд Македонија собрано на едно место: од училишните градини до малите производители.
Публикациите на Слоу Фуд Македонија го собираат знаењето од нашата работа: каталози на традиционални производи, прирачници за училишните градини, водичи за потрошувачите и анализи за малите производители. Сите публикации може да се отворат и преземат бесплатно во PDF формат.
Списание
Полжавче
Списанието за училишните активности на Слоу Фуд Македонија, кое излегува од 2020 година. Во секој број се приказните од училишните градини, интервјуа, рецепти и креативните работи на учениците.
Бр. 6 · мај 2026
Мали чекори за одржлива иднина
Полжавче бр. 5
Бр. 5 · декември 2024
Проникни во иднината – огледај се на децата
Полжавче бр. 4
Бр. 4 · ноември 2023
Училишните градини – патокази за иднината
Полжавче бр. 3
Бр. 3 · декември 2022
Семето – ’ркулец на животот
Полжавче бр. 2
Бр. 2 · ноември 2021
Полжавче бр. 1
Бр. 1 · декември 2020
6 публикации
Биодиверзитет и традиционални производи
Водичи и каталози за автохтоните сорти, раси и традиционалните производи на Македонија, од Арката на вкусови и Президиумите до националниот попис на традиционални производи.
8 публикации
Училишни градини и едукација
Прирачници за наставниците и материјали за учениците, за учење преку градината, вкусот и сетилата.
6 публикации
Храна, вкус и потрошувачи
Публикации за свесното купување, локалната кујна и рецептите, и за тоа како секој од нас може да придонесе кон подобар систем на храна.
5 публикации
Производители и политики
Анализи, истражувања и практични водичи за малите производители: законската рамка, хигиената, флексибилноста во производството и шемите за квалитет.
Анализа на законската рамка за мали производители
Минимални барања за хигиена
Водич за применета флексибилност при производство и ставање во промет на храна од мал обем
Анализа на заинтересираноста на производителите од Југоисточниот регион за ЗОП
Истражување на европските и националните политики за квалитет






















