Национален Одбор

Националниот одбор (НО) е управен и извршен орган на организацијата и ги спроведува одлуките на Националниот конгрес, кој го врши изборот. Во неговиот состав влегуваат членови на Слоу Фуд, со неспорни заслуги и докажан придонес во градењето и работата на организацијата.

Националниот одбор избира Претседател кој е формален и правен застапник на организацијата, еден од избраните членови на Националниот одбор. (член 19 Статут на СФМК).

Националниот одбор (НО) е избран на конгресот на Слоу Фуд Македонија, одржан на 14.07.2024 година. Претседателот на НО е избран на состанокот на НО, одржан на 14.07.2024 година.

2024–2027Мандат
14.07.2024Избран на конгресот
Член 19Статут на СФМК

Членови

Николче Николовски

Николче Николовски

Претседател nikolce.n@slowfood.mk

Технолог за храна, член на Слоу Фуд од 2009 година, основач на Слоу Фуд Шарпланинска, основач и претседател на Слоу Фуд Битола во периодот 2011-2019 година. Национален координатор на мрежата на Слоу Фуд во Македонија до нејзиното основање, а од 2018 година Претседател на Националниот Одбор.

Избран за Slow Food Councillor за регионот на Балканот од 2015. Организатор на бројни македонски делегации за светските манифестации Terra Madre и Cheese во Италија, како и за Terra Madre Balkans, а беше и главен координатор на првата Тера Мадре Македонија. Уредник, автор и соработник на бројни стручни изданија и публикации на Слоу Фуд Македонија.

Василка Стефановска

Василка Стефановска

Член vasilka.s@slowfood.mk

Професор во пензија, член на Слоу Фуд од 2009 година, основач на конвивиумот Слоу Фуд Водно. Иницијатор на првата училишна едукативна програма „Слоу Фуд во кантина“, координатор на проектот и кампања „Училишни градини“. Уредник и соработник во подготовка и адаптација на неколку едукативни прирачници на македонски јазик, иницијатор на формирање на Слоу Фуд Млади Македонија. Иницијатор и координатор на Слоу Фуд Алијанса на готвачи во Македонија.

Д-р Соња Србиновска

Д-р Соња Србиновска

Член ssrbinovska@yahoo.com

Универзитетски професор, вклучена во активностите на Слоу Фуд уште од самите почетоци во 2009 година како техничка поддршка на президиумите Маврово-Река.

Координатор на апликации за Арка на вкусови, стручен соработник и експерт на Слоу Фуд Фондацијата за биодиверзитет. Учесник на повеќе конференции за презентација на работата на Слоу Фуд во Македонија и други земји и на речиси сите настани каде што преработката на млеко била главна тема. Има дадено значаен придонес во развојот на регулативата и Правилникот за малите производители на храна од животинско потекло, како и на Водичот за применета флексибилност и автор на повеќе прирачници.

Слободен Чокревски

Слободен Чокревски

Член sloboden.c@slowfood.mk

Универзитетски предавач, член на Слоу Фуд од 2008 година, основач на првиот конвивиум - Слоу Фуд Скопје, координатор и организатор на курс за познавачи на вино, организатор на првите Слоу Фуд Мастер курсеви и организатор на работилници за вкусови. Поддржувач на основањето и градењето на капацитетите на Слоу Фуд Млади Македонија.