Национален Совет
Националниот совет (НС) е советодавно тело на Слоу Фуд Македонија. Тој ги обединува претседателите на конвивиумите од целата земја и е главната врска помеѓу локалните заедници и националното раководство на организацијата.
Преку Советот, секој конвивиум има свој глас во работата на Слоу Фуд Македонија. Членовите на Советот ги пренесуваат потребите, идеите и искуствата од својот регион, даваат мислења и предлози за плановите и активностите на организацијата и помагаат во спроведувањето на заедничките програми на локално ниво.
Советот работи во тесна соработка со Националниот одбор и Извршната канцеларија, со цел одлуките што се носат на национално ниво да ги одразуваат реалните потреби на производителите и заедниците ширум Македонија.
Членови на Националниот совет се:
Претседатели на Конвивиуми


