Филозофија
Слоу Фуд се залага за свет каде сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за тие кои ја произведуваат, и добра е за планетата.
Нашиот приод е базиран врз концептот на храна кој е утврден преку три меѓусебно-поврзани принципи: добра, чиста и правична.
Добра
Вкусна и квалитетна храна способна да ги стимулира и задоволи сетилата на консументот и дава задоволство додека се јаде.
Чиста
Здрава храна, произведена во хармонија со природата, каде производителот ја почитува животната средина, благосостојбата на животните и човековото здравје.
Правична
Храната е универзално право на секој, преку овозможување на пристапни цени за потрошувачите и фер услови и цена за производителите.


