Алијанса на Готвачи
Алијансата на готвачи ги поврзува врвните професионални готвачи директно со малите семејни фарми. Преку истакнување на локалните производители во своите менија, користење традиционални состојки и почитување на сезонското готвење, нашите шефови ја претвораат храната во приказна за идентитетот и одржливоста.
Алијансата на готвачи е мрежа која директно ги поврзува професионалните готвачи, шефови на кујни и угостители со малите локални земјоделци и производители на храна.
Оваа мрежа функционира како мост помеѓу нивата и трпезата, каде што готвачите не се само кулинари, туку стануваат промотори и заштитници на македонското гастрономско наследство и агробиодиверзитет.
Алијансата во Македонија
Македонската Алијанса на готвачи е официјално формирана во октомври 2020 година, во ресторанот Ореов лад, со првите десет готвачи. Со самото формирање, тие станаа дел од меѓународната мрежа на Алијансата. Меѓу основачите се:
Од нашата кујна
-
202619–26 мај
Филип Ондрушек во Македонија
Познатиот готвач Филип Ондрушек готвеше со готвачите од локалните ресторани и со младите готвачи од мрежата, со локални и сезонски состојки, а програмата опфати мастеркласа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, разговор за кујна без отпад и зелено угостителство, посети на Преспа, Дихово, Буково, Битола и Мариово и гала вечера.
-
202222–26 септември
Terra Madre во Торино
На 14-тото издание на Terra Madre, посетителите можеа да пробаат традиционални македонски јадења подготвени од готвачите од Алијансата: тавче гравче, пинџур, ајвар, тиквеник и домашен леб.
-
2021Октомври
Есенска вечера во Царев Двор
Мени изградено околу есенските производи и локалните состојки, подготвено од готвачите на Алијансата, спарено со вина од мали семејни винарии избрани од Ивана Симјановска од Слоу Вајн.
-
2020Октомври
Формирање на Алијансата
Првите десет готвачи официјално ја формираа македонската Алијанса на готвачи и се обврзаа да работат со локални производители и да ги промовираат Президиумите и производите од Арката на вкусови.
Значење за македонскиот гастрономски туризам
Алијансата на готвачи има важна улога во позиционирањето на Македонија како автентична гастрономска дестинација. Преку нивната креативност, традиционалните јадења добиваат модерна презентација, а странските и домашните гости имаат можност да искусат вистински локални вкуси кои имаат приказна и идентитет. Покрај секојдневната работа во нивните кујни, готвачите од Алијансата редовно учествуваат во едукативни работилници, дегустации, и настани организирани од Слоу Фуд.


