Кампањи и Активизам

Пораки што ја менуваат трпезата и акции што ја менуваат заедницата.

Со кампањите Слоу Фуд ги поттикнува луѓето да размислат за храната што ја јадат и да ги променат своите навики, а со активизмот излегуваме на улица, во училиштата и во природата, за промената да ја направиме заедно. Некои кампањи се дел од меѓународната мрежа Слоу Фуд, а некои ги започнаа нашите конвивиуми.

Кампањи

За кампањата

Слоу Фуд се противи на комерцијалното одгледување генетски модифицирани култури и се залага за храна и сточна храна без ГМО.

ГМО културите се патентирани, па неколку мултинационални компании го контролираат синџирот од истражувањето до продажбата на семето. Земјоделците мораат секоја сезона да купуваат ново семе, а не смеат да ги подобруваат сортите без да плаќаат авторски надоместок.

Слоу Фуд бара и строги правила и задолжително означување на новите геномски техники, кои Европската комисија предложи да се ослободат од правилата за ГМО.

За кампањата

Во 2001 година Слоу Фуд го објави Манифестот за одбрана на сирењата од сурово млеко, кои ги опишува како кулинарска уметност и културно и регионално наследство што е загрозено.

Манифестот бара крај на прописите кои ги дискриминираат малите производители и праведна и флексибилна законска рамка, со разумни контроли.

Во Македонија

Во Арката на вкусови се внесени повеќе македонски производи од сурово млеко, меѓу кои Овчеполското сирење, Стригле сирењето, Буламачот и шарпланинскиот кашкавал од Мавровска Река.

Президиумот на планинските сирења од Мавровска Река бара внесување во националниот регистар на традиционални производи, со што би се легализирала употребата на сурово млеко.

За кампањата

Повик да се избира храна од локалните производители, со краток синџир на снабдување, во согласност со сезоната.

Готвењето само со локални состојки е и една од трите обврски што Слоу Фуд им ги предложи на граѓаните во кампањата Храна за промена.

За кампањата

Повик за свесно купување: да знаеме од каде доаѓа храната, кој ја произвел и како, и со секоја купувачка да ги поддржиме производителите на добра, чиста и правична храна.

За кампањата

Food for Change е кампања на Слоу Фуд која ја поврзува храната со климатските промени. Слоу Фуд ги повика луѓето да го намалат влијанието на својата исхрана со една или сите три обврски: готвење само со локални состојки, оброци без месо и нула отпад од храна.

Неделата на промената започнува на Светскиот ден на храната, 16 октомври.

Во Македонија

Во 2020 година Слоу Фуд Водно ја спроведе онлајн кампањата Храна за промени, во рамки на проектот Да зборуваме за климатски промени, финансиран од Европската комисија преку програмата за регрантирање на Еко-свест, ДЕМ и CNVP.

За кампањата

Предизвик за намалување на консумацијата на ефтино, увезено, индустриско месо, кое значително влијае врз климатските промени. Секој може да учествува со фотографија, видео или рецепт за посен оброк на социјалните мрежи, со хаштагот #ПосенПеток.

Во Македонија

Предизвикот го започна Слоу Фуд Водно на 3 јули 2020 година, како двомесечна акција во рамки на кампањата Храна за промени, со видеа од познати локални готвачи како инспирација и награди за најкреативните учесници.

За кампањата

На Светскиот ден на пчелите, 20 мај 2019 година, Слоу Фуд ја започна меѓународната кампања Slow Bees. Кампањата повикува на садење цветни дрвја и грмушки без пестициди, а од Европската унија бара забрана на сите пестициди смртоносни за пчелите.

Во Македонија

Слоу Фуд Президиумот Македонска медоносна пчела, основан во 2016 година, ја штити автохтоната пчела Apis mellifera macedonica.

Цветните бомби од акцијата Фрли цветна бомба се прават од семиња на медоносни цвеќиња, за заштита на пчелите и биодиверзитетот.

Активизам

Акција

Фрли цветна бомба

Семиња од медоносни и диви цвеќиња, завиткани во топче од глинеста почва, хумус и вода, се фрлаат директно на земјата, без копање и садење. Така се засејуваат крмни, цветни и зачински растенија кои ги штитат пчелите и го збогатуваат биодиверзитетот.

Акцијата ја иницираше Сезер Акин, органски производител од Охрид и член на Слоу Фуд Охрид, со идеја да стане традиција секоја година на првиот ден од пролетта.

  • Кога21 март, првиот ден од пролетта
  • 2024Пролетна офанзива со ученици од повеќе од 50 училишта
  • КадеПрилеп, Кичево, Муртино, Скопје, Велес, Ресен и други места
  • СемињаНевен, џунџуле и цинија
  • ОрганизаториСлоу Фуд Македонија, Слоу Фуд Прилеп и Слоу Фуд Водно

Против фрлањето храна

Диско супа

Волонтерите собираат храна што би се фрлила, од пазари, продавници, ресторани и фарми, и заедно ја готват придружено со музика. Идејата започна во Берлин во 2012 година, како Schnippeldisko на Слоу Фуд Германија, а од 2017 година Светскиот ден на диско супата се слави истовремено ширум светот.

Слоу Фуд млади на Македонија организира Диско супа за да укаже на проблемот со фрлањето храна.

Заедничка трпеза

Ит ин

Eat-in е заеднички оброк на јавно место, кој ги собира луѓето околу добрата, чистата и правичната храна. Заедно со Диско супата, тоа е еден од настаните со кои Мрежата на млади на Слоу Фуд ги поврзува заедниците.