Водичи

Водичи и прирачници на Слоу Фуд Македонија за гостилниците, виното, традиционалните производи и регионите.

Водичите на Слоу Фуд Македонија ве носат до местата каде што храната и виното се прават со почит кон локалните продукти и луѓето: гостилниците што готват со сезонски производи од малите производители и малите винарии од новиот бран на македонското вино. Сите водичи може да се отворат и преземат во PDF формат.

Каде да се јаде

Слоу Фуд гостилници

Првото издание на водичот „Слоу Фуд гостилници“ (2021) предлага места низ Македонија каде што локалната кујна се служи со сезонски производи и по фер цени. Водичот е на македонски, албански и англиски јазик, а е изработен со поддршка на регионалниот проект СЕДРА.

Вино

Слоу Фуд Вајн

Slow Wine е независниот вински водич на Слоу Фуд, посветен на новиот бран македонски винарии. Првото издание излезе во 2021 година, а второто, Slow Wine 2024, претставува 27 винарии, со посебен фокус на регенерацијата на почвите и зачувувањето на животот во лозјето. Изборот на вина е направен преку посети на винариите, разговори со винарите и сензорно оценување од Slow Wine комитетот, со предност за одржливото одгледување на виновата лоза.