Слоу Фуд Млади Македонија

Слоу Фуд Млади Македонија ги поврзува младите ентузијасти, земјоделци, готвачи и активисти кои се борат за добра, чиста и правична храна за сите.

Слоу Фуд млади на Македонија (Slow Food Youth Network Macedonia - SFYN Macedonia) е младинскиот огранок на Слоу Фуд движењето во нашата земја, кој ги обединува младите ентузијасти, студенти, млади земјоделци, готвачи, активисти и истражувачи посветени на зачувување на традиционалното наследство поврзано со храна и локалниот агробиодиверзитет, борејќи се за добра, чиста и правична храна за сите.

Клучни области на делување и активности:

  • Едукација и подигање на свестаОрганизирање работилници, предавања и интерактивни сесии за млади и ученици околу значењето на сезонската и локалната храна, заштитата на животната средина и намалувањето на отпадот од храна.
  • Настани и кампањиОрганизирање настани како Disco Soup (заедничко готвење со преостаната храна за да се укаже на проблемот со фрлањето храна), дегустации, пазари на производители и учество на национални и меѓународни настани на Слоу Фуд.
  • Поддршка на млади земјоделци и производителиОхрабрување и вмрежување на младите луѓе од руралните средини да останат на своите сопствени имоти, одгледувајќи автохтони сорти и раси со одржливи и агроеколошки практики.
SFYN

Како дел од глобалната мрежа Slow Food Youth Network (SFYN), младите од Македонија активна соработка остваруваат и со други младински движења ширум светот, разменувајќи искуства и добри практики за одржливи прехранбени системи.