Нашиот Импакт
Нашата приказна започнува во 2008 година, со основање на првиот конвивиум во Македонија
„Слоу Фуд Скопје“, во следните години како полжавчиња после дожд се раздвижија повеќе
членови и се основаа повеќе конвивиуми, во повеќе заедници, здружени во својата мисија.
Слоу Фуд Македонија активно придонесува кон развојот на одржливи локални заедници преку поддршка на мали производители, традиционални производи и едукација за одговорна исхрана. Нашите активности се насочени кон зачувување на биодиверзитетот, гастрономското наследство и локалната култура на храна во Македонија.
Преку различни проекти, работилници, настани и соработки, создаваме простор каде што производителите и потрошувачите се поврзуваат директно и градат взаемна доверба. Инспирирани од вредностите на Slow Food International, се стремиме да промовираме храна која е добра, чиста и правична за сите.
Нашиот импакт се гледа во зголемената поддршка за локалните производители, подигнувањето на свеста за одржливи практики и зачувувањето на традиционалните рецепти и техники. Веруваме дека секоја локална иницијатива има моќ да создаде позитивна промена — за луѓето, заедниците и животната средина. Преку заедничка работа, градиме поодржлива и посвесна иднина за храната и земјоделството во Македонија.
Денес нашата мрежа, претставена во бројки
2008
прв конвивиум во Македонија
Слоу Фуд Скопје
9
конвивиуми
Локални ограноци ширум Македонија
36
производи во Арката на вкусови
Загрозени македонски вкусови во меѓународниот каталог
5
Слоу Фуд Президиуми
Заедници на производители кои чуваат загрозени производи
20
основни училишта
Со Слоу Фуд училишни градини
76
делегати на Вториот конгрес
Битола, 2024
4
изданија на Слоу Фуд Салон
Од 2019 до 2025 година
17
Слоу Фуд гостилници
"старомодно" гостопримство од страна на домаќините.
1
младинска мрежа
Слоу Фуд млади на Македонија


