Ја овозможува и ја следи секојдневната практична реализација на активностите во рамки на проектите преку кои се спроведува програмата на организацијата и нејзиниот стратешки план.

Извршната канцеларија е одговорна за програмските, комуникациските и административните активности, преку кои организацијата ги спроведува своите цели и институционални обврски. (член 21 Статут на СФМК).
Ја овозможува и ја следи секојдневната практична реализација на активностите во рамки на проектите преку кои се спроведува програмата на организацијата и нејзиниот стратешки план.
Овозможува правна поддршка при реализација на активностите, како и финансиска усогласеност со предвидените буџети за активностите кои се реализираат.
Се грижи за базата на членови, нејзиното одржување и сегментирање, за информирање на членството, како и за комуницирање на потребите на членството при реализацијата на различни активности.
Ја овозможува реализацијата на стратегијата за комуникација преку креирање на различни кампањи, овозможува соодветна комуникација на активностите на мрежата и нејзините членки преку различните медиуми на мрежата и овозможува соработка со надворешни медиуми.
Овозможува развој, одржување и техничка поддршка на комуникациските канали на мрежата, помага во креирањето на содржини за комуникација и нивна техничка усогласеност со различните медиуми, ја помага внатрешната комуникација на мрежата.
Овластен сметководител, надворешен соработник, кој се грижи за финансиското работење на организацијата и непречена соработка со државните финансиски институции, како и за изработка на финансиски извештаи и годишни сметки на организацијата.