ЗАПОЧНА CHEESE 2023

🧀ЗАПОЧНА CHEESE 2023, најголемиот Меѓународен фестивал на сирење во Бра, Италија

Улиците на романтичното гратче Бра во Италија, родното место на активистот Карло Петрини, основачот на движењето Слоу Фуд и на првиот светски Универзитет за гастрономски науки, се преплавени со производителите на сирење од целиот свет.

Започнувајќи од денес, 15-ти па се до 18-ти септември се ќе биде во знак на овој деликатес- се очекуваат околу 200.000 љубители на сирење, експерти, новинари, фармери…

Целиот Бра, инаку познат по својата гастрономија, по должината на „centro storico“ е исполнет со штандови, а целта е да се промовираат регионалните и локални сирења кои се под закана да исчезат поради неизбежните пазарни сили на глобализацијата. Низ Бра се јаде, се дегустира улична храна, се наздравува со вина, се пијат кафиња.., и, не се работи само за вкусови, туку за обиди да се разбере што прави сирењето за околината и за оние кои го произведуваат.

„Со пастеризација ја одземате душата на млекото“- е изјавата што сеуште се цитира, а ја кажал Карло Петрини, таткото на Слоу Фуд. Тоа и беше поводот во 2001 година, Слоу Фуд да собере над 20.000 потписи за поддршка на Манифестот во одбрана на сирењата од суровото млеко. Така се роди Фестивал на сирењето, а во негова чест и годинава се најавени разновидни работилници, мастеркласови ивенти, 122 на број.

Во Италија се ужива во сирењата како и во секој друг аспект на животот, но ова е „Cheese“надвор од границите. „Cheese“ е најголемата колекција на квалитетни сирења а овој фестивалот е од огромно значење не само за Италија, туку за целиот свет: 14 земји ги промовираат своите сирења, а меѓународната мрежа на Слоу Фуд ќе ја претставуваат и бројните делегации од САД, Британија, Норвешка и нордиските земји, од Балканот, Северна Македонија, Украина, Турција и други земји. Традицијата е воспоставена: по 22 години и 11 изданија, „Cheese“ Slow Food Events – Cheese 2023 секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој тридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот на настанот е Slow Food International Slow Food International и Citta di Bra La bella città di Bra dell'Italia, со поддршка на Regione Piemonte. Било и ќе остане, каде и да сте-сирење е крал на секоја софра!

📍Претставувањето на мрежата на Slow Food Macedoniaна настанот се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Slow Food International

Известувач од Cheese 2023: Вања Тодоровска

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели