🧀„Cheese“ познат низ светот како „фестивал на сирење што се одржува во Бра-Пиедмонт, Италија“ е еден од најголемите настани во светот кои се посветени на сирењето, млеко производството и одгледувањето животни и сето тоа на одржлив начин. Идејата е да се презентира биодиверзитетот и разновидноста во светот на млекото и да се урне стереотипот за црно-белото говедо на пространа ливада преку прикажување на уникатните приказни за многуте видови сирења кои постојат, улогата на микрорегионите, расите и пред сè на видовите животни врз крајниот производ, поврзаност на самите фармери со животните, традицијата и пределите и нивното значење и улога во постоењето еколошки одржливи практики итн.
👉Оваа година фокусот е на производите од кревките екосистеми на пасиштата, ливадите, планините, сите загрозени од индустрискиот развој а темата е „Вкусот на ливадите – The taste of the meadows”.
Тоа е појава, која во Европа и кај нас се забележува во текот на изминатите 60-на години. Овој пад ги погодува и ливадите на голема надморска височина, но и оние во ридските и рамничарските области: од една страна, жителите од планините се раселуваат, а од друга, монокултурата и урбанизацијата преовладуваат во рамнините и го заземаат местото на ливадите и пасиштата.
⚡️Борбата и предизвикот да се одржат во пракса некои од традиционалните техники на одгледување, како што е испашата, се заеднички и за наша среќа на пошироко ниво од националното.
🗣Учесници на оваа дебата се :
Леандро Вентура, директор на Централниот институт за нематеријално наследство
Виола Марчели, претставник на заедницата на Слоу Фуд во Аквилано за трансхумантно земјоделство
Елена Каровска Гошевска, координатор на Slow Food Macedonia
Антон Газенбек, претседател на Групата за земјоделство, биодиверзитет и клима, Евросајтзг
📍Претставувањето на мрежата на Slow Food Macedonia на настанот се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Slow Food International
Известувач од Бра – Vanja Todorovska


