Храната и жената

🍎👩‍🌾Храната и жената се суштински лостови на промените.

Моќ што доаѓа и од нивната длабока поврзаност. Првата храна на човекот е мајчиното млеко, произведено од женско тело. И во текот на животот, храната продолжува да ја претставува врската помеѓу женaта и земјата. Не случајно зборот земја, во неговото двојно значење на планета и земја, е во женски род на повеќето јазици во светот.

✊Во овој период на длабока криза во земјоделскиот сектор, веројатно жените, заедно со младите, можат најдобро да ја иницираат регенерацијата.

👩‍🏫Жените секојдневно работат на ширење на овие вредности како производителки, готвачки, наставнички, експертки, новинарки… Заедно со земјоделците, овчарите, занаетчиите, готвачите, жените од руралните средини секогаш се посветени на зачувување на животот во сите негови облици, за себе, за своето семејство и идните генерации.

🐌Слоу Фуд Македонија го одбележува Меѓународниот ден на жените со посвета на жените вклучени во нашата мрежа кои ја одгледуваат и произведуваат храната и ги зачувуваат традиционалните знаења и култура на храна во нашиот секојдневен живот.

👩Нивната улога е најважна за нас што го покажуваат и статистичките податоци за нивната вклученост во нашата организација. Неколку факти за учеството на жените во делувањето на Слоу Фуд Македонија:

• 2/5 члена на Националниот одбор се жени

• 7/12 лидери на конвивиуми се жени

• 6/12 готвачи во Слоу Фуд алијансата на готвачи се жени

• 2 президиуми се водени од жени со 42 члена од кои 40 се жени

• 60% од членовите во Слоу Фуд Македонија се жени

👩‍🏫 За нас во Слоу Фуд Македонија женските права, рамноправноста на жените, женското претприемништво одамна се реалност која ја живееме, поддржуваме и се гордееме со нашите членки.

🌹Честит 8 Март драги наши членки, наши мајки, сестри, другарки, соборки и хранителки.

🍓Фото: Гуна Маркова, член на Слоу Фуд Валандово и Президиум на слатко од диви смокви

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели