⏰️Сабота, 14 септември, 10-18ч Прилеп
🧀Сирења што морате да ги пробате
Тврди, кремасти, жолти, бели, шарени, сини…, постојат безброј видови сирења оплеменети со едноставни но и најекстравагантни вкусови и нив не смеете да ги заобиколите. На нашите простори, кога ќе се рече: сирење, се мисли на биеното, урда, бело овчо, кравјо, мешано и на буламач.
Поголемиот број на сирења потекнуваат од средниот век и тие најчесто биле правени по манастири. Омилениот „камемберт“ на пример е единственото сирење, чив изумител е познат: станува збор за Мари Харел која доаѓа од селото Камемберт во Нормандија.
Денес мајсторијата на создавање и „зреење“ на сирењето го има достигнато совршенството. Сирењата најчесто се класифицираат според цврстината и начинот на подготвка, ги има меки, полутврди- неварени и тврди, сирења подготвени од варено и неварено млеко, што понатаму се чуваат во лозов лист, се виткаат во смрека, во тутун, рузмарин…. Мххх, вистинска магија на трпеза. Нашите најпознати сирења доаѓаат од Галичник, Маврово, Берово, Прилепскиот регион…, ние македонците не можеме да замислиме оброк без овој прехрамбен продукт.
Во сирењата се додаваат разноразни мурудии, мајсторија е да се соеднинат вкусовите, па ги има и со ореви, грозје, суво овошје, пиперки…На последниот, 11. по ред фестивалот Cheesе во Бра- Италија, швајцарците направија сирење со канабис. Ама кога истите тие швајцарци ги пробаа нашите сирења, особено биеното, признаа дека вкусот ги вивна во облаците.
🌟На овој најпопуларен светски гурмански празник, Фестивалот на сирење во Бра, се прослави и нашиот Давид Неделковски, Кози Млеко Планина од Раштак, кој години наназад со многу љубов го прави козјото сирење. Неговата ловорика е наградата „Resistenza Caseaira“ за традиционално контунирано произодство на сирење, а Давид, токму во Италија, на светот му го престави последниот предизвик, козјото сирење Калеш Мара…
Да го спомнеме и ова: биено сирење од Мариово што го произведува Спасе Чокревски, козјо од Даниел Мирчески и овчото на Албана Маркоска од Прилепскиот регион на Cheesе предизвика огромен интерес и стекнаа огромна армија фанови.
💪Утрешниот настанот во Прилеп- Млеко 2024: Предизвици во сточарството, (10-18ч) се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Прилеп, Шведската развојна агенција We Effect Europe.


