Мрежата на староседелци од Слоу Фуд со мисија да и се помогне на природата

🪅На секоја средба Мрежата на древни, автохтони народи од Слоу Фуд, повеќе од 200 староседелци, претставници од 50 земји: фармери, производители, готвачи, академици, активисти од Мрежата на млади на Слоу Фуд (SFYN) и студенти, имат разновидни активности на Тера Мадре.

📅Во четврток, 26 септември, на официјалното отварање на Тера Мадре тие настапуваат со моќни говори, пораки и ритуали. ⏱️Во 18:30ч, Маргарита Алехандрина од Мискиту од карипскиот брег на Никарагва, ќе учествува на конференцијата: „Природата, климатската криза и ние: Дали сме на точка од која нема враќање?

📅Во петок, 27 септември, настанот „Дегустација на локална пченка, храната на древните народи“- во зоната Слоу Фуд Фарма, ќе ја слави автохтоната пченка од Америка. Говорници ќе бидат Клејтон Браскупе од Мохок/Тева, Лурдес Фаустино Присилијано од Отоми Хнато, Мексико и Веласкез Мендез од Маја Цоцил, Мексико.

📅Истиот ден во 16:00ч, во зоната за знаење на Слоу Фуд Фарма, Марденија Феитоза од селото Раџадо, Еманоела Феитоза од Ситио Сао Мануел и Матеус Тремембе од Бразил, ќе ја водат дебатата „Заштита на територии: Вреднување на биодиверзитетот, културата на храна и популарната комуникација за рурална автономија во Бразил“.

⏰️На истата локација, во 18:00ч, Каснес Олило, истражувач од Кенискиот Институт за морски и рибарски ресурси (KMFRI), од Кенија, ќе ги изнесе своите гледишта на конференцијата „Ко-менаџмент на водни ресурси“.

📅Во сабота, 28 септември, во Арената на Јохана Стучбери во 11:00ч, Дали Ноласко Круз, жената од Нахуа од Мексико и членка на Управниот Одбор на Слоу Фуд, ќе учествува на конференцијата „Природата е учител“.

-Мораме да ја слушаме природата доколку сакаме повторно да се поврземе со неа. Тоа е главната порака што староседелците ја носат на Терра Мадре, покажувајќи ги своите предци за заштита на екосистемите и нивниот неверојатен биодиверзитет на храна“, вели таа.

📅Повторно сабота, во 13:00 часот, Висдом Абиро ќе ја води Работилницата за вкус „Зоогала: Автохтоната салата на Гана Фуд Мувмент!“

⏰️Во 15:00 ч. во „Вашата Арена“, Антонела Кордоне, технички специјалист за исхрана и социјална инклузија во IFAD, ќе го каже ставот на Меѓународната Организација на дебатата „Нашата храна е нашето здравје: Биодиверзитетот ја храни планетата“.

⏰️Во исто време, во сабота, во Арената Сержо Стаино, ќе се случува конференцијата „Древните жени и младите на првата линија ја менуваат иднината“, што ја организира Меѓународниот Фонд за Земјоделски Развој (IFAD) и Фонд за помош на древните народи (IPAF).

#terramadre2024

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели