🎅❄️📺Во пресрет на новогодишните празници ве потсетуваме на евергрин филмови поврзани со храна, со страста за готвењето, филмувани биографии, чудесни стории за она што безусловно се сака, и никогаш не изневерува. За храната.
🎥🎞🎯Гозбата на Бабет, 1987 (Babette's Feast)
Филмот е вистинска магија – додека го гледате, чувствувате огромна глад и за храната и за животот. Добра препорака за оние што се кротат пред наметнатите правила, за „запетланите“ персони, натоварени од животот, сите со избледена меморија и став дека рутината и навиките се единствената работа што треба да се почитува. Инаку, ова е филмуван роман на прославената Карен Бликсен, и оние што го гледале „Моја Африка“ знаат за што станува збор: убави дијалози, детали, остра перцепција…
🏘👩🍳⭐️Една дама, французинка, се наоѓа во некое и од Бога заборавено село во Норвешка. Таа бега од власта и привремениот дом го наоѓа кај две сестри, инаку, ќерки на починатиот пастор. Бабет, некогашна шефица на префинет француски ресторан е опкружена со луѓе-сенки, кај кои не постојат земните задоволства.
🐋Луѓето се како се како живи мртовци, како мислат, така и се хранат -анемично и сувопарно. Вообичаено јадат пресолени и исушени харинги, ладен чај што го стоплуваат со понекоја молитва и збајатени бисквити.
🎉🍜🍾🍠Кулминацијата на филмот е кога Бабет добива премија на лото и не се враќа во Франција, туку нарачува камион со деликатесни производи од кои прави вонсериска вечера со сите аршини – предјадења, топли и ладни, мали потполошки на тркалца од портокал, тартуфи, школки во прелив… кои ги комбинира со првокласни вина, и така безбојните луѓе-сенки, одеднаш стануваат гласни, најадени и- живи!
🥂И така верниците, од прв до последен окрепени од волшебните јадења и по некоја голтка вино, накусо ги напуштаат вообичаените реплики на своите животи. Еден од гостите, некој си генерал, на крајот на вечерата со монологот ги заведува собраните околу софрата.
🗣„Ние,, пријатели мои, сме кусогледи. Знаеме дека постои милост во универзумот, но во нашата кусогледост ја замислуваме Божјата милост како конечна. Затоа трепериме додека не го направиме конечниот избор, а потоа стравуваме – направивме ли добро или лошо?… Гледате, она што самите го одбравме – тоа го имаме, а она од што се одреквнавме – во исто време ни припаѓа…“






