И јас сум Слоу Фуд: РОБЕРТ КОЦЕВ

🙋‍♂️По неколку години истражување, Роберт Коцев дојде до сознание дека на нашето поднебје се одгледува најквалитетниот афион што има антиоксидантни својства: спречува болести и го поттикнува здравјето. Со овие сознанија, со сопствениот бизнис во татковината, се исполни и неговата желба да користи исклучиво македонски суровини. „Нутрико“ успеа да создаде ладно цедено афионово масло и истото да го врати на македонската трпеза, и како храна и како лек, а големи адути се и путерот и брашното, исто така од афион.

🗣„Слоу Фуд за мене претставува репрезент на здравата исхрана на човештвото. Слоу Фуд е приказна, енергија, визија и треба да допре до секој на земјината топка.“

🌰🍯Роберт не зависи од увозот на маслодајните земјоделски култури, што му дава голема слобода во работата: афионот, во најголем дел го набавува од малите производители од радовишко, но и од штипско, кочанско, велешко и неготинско, семките од сливи од Куманово, Неготино и Македонски брод, кајсијата ја набавува од Скопје, ленот од Куманово а оревот и бадемот од Радовиш и Виница.

И, најважно, има нула отпад- од секоја суровина добива масло, брашно и сапун. „Нутрико“ е присутен на сите настани што ги организира Слоу Фуд, што е можност за непосредни средби со потрошувачите, кои се информираат и едуцираат за производите што е клучен момент во неговиот бизнис.

🔈Ние – производителите и консументите, сме одговорни и мораме да го зачуваме биодиверзитетот во интерес на иднината. Тоа го можеме со Слоу Фуд!

🐌Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.

Ние НЕ консумираме.

Ние избираме.

Ние сме Слоу Фуд

Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.

Придружи ни се!

Биди и ТИ дел од Слоу Фуд

https://shorturl.at/umRpg

🎯Слоу Фуд значи да се поврзат луѓето и храната од нивната средина. Мислиме глобално, дејствуваме локално.

Кампањата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели