🙋♂️По неколку години истражување, Роберт Коцев дојде до сознание дека на нашето поднебје се одгледува најквалитетниот афион што има антиоксидантни својства: спречува болести и го поттикнува здравјето. Со овие сознанија, со сопствениот бизнис во татковината, се исполни и неговата желба да користи исклучиво македонски суровини. „Нутрико“ успеа да создаде ладно цедено афионово масло и истото да го врати на македонската трпеза, и како храна и како лек, а големи адути се и путерот и брашното, исто така од афион.
🗣„Слоу Фуд за мене претставува репрезент на здравата исхрана на човештвото. Слоу Фуд е приказна, енергија, визија и треба да допре до секој на земјината топка.“
🌰🍯Роберт не зависи од увозот на маслодајните земјоделски култури, што му дава голема слобода во работата: афионот, во најголем дел го набавува од малите производители од радовишко, но и од штипско, кочанско, велешко и неготинско, семките од сливи од Куманово, Неготино и Македонски брод, кајсијата ја набавува од Скопје, ленот од Куманово а оревот и бадемот од Радовиш и Виница.
И, најважно, има нула отпад- од секоја суровина добива масло, брашно и сапун. „Нутрико“ е присутен на сите настани што ги организира Слоу Фуд, што е можност за непосредни средби со потрошувачите, кои се информираат и едуцираат за производите што е клучен момент во неговиот бизнис.
🔈Ние – производителите и консументите, сме одговорни и мораме да го зачуваме биодиверзитетот во интерес на иднината. Тоа го можеме со Слоу Фуд!
🐌Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд
https://shorturl.at/umRpg
🎯Слоу Фуд значи да се поврзат луѓето и храната од нивната средина. Мислиме глобално, дејствуваме локално.
Кампањата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect.


