Шеф Пеце Клечкароски: Вљубениот чиз кејк од Раштак

🥮Ова е класичен печен „NY чизкејк“, но денес- посебен, бидејќи намирниците се од Раштак, Драслајца, Битола, Берово… Бидејќи козјото крем сирење е главната намирница а потекнува од Раштак, од Давид Неделковски (Kozi mleko planina), овој го нареков Раштански чизкејк. Доколку немате крем-сирење од Кози млеко планина, секако дека рецептот ќе функционира и со други алтернативи, но би било убаво да се готви со домашни и квалитетни намирници.

🍪🍒🧀Состојки:

– бисквити 250 гр

– путер (стопен) 130-150 гр

– крем-сирење 800 гр

– шеќер 250 гр

– павлака 400 гр

– крем за готвење 320 гр

– 4 јајца (домашни)

– пченкарен скроб околу 4 кафени лажички

– цеден лимон (нешто повеќе од половина лимон)

– за прелив, домашен џем, стопено чоколадо, крем итн. Јас го користев џемот од шипки на Еко фарма Беровко и слаткото од цреши на Dragica Talevska од Битола.

🧑‍🍳Најпрвин треба да се измелат бисквитите и во нив се додава стопениот путер, се промешува додека добиеме структура како влажен ситен песок. Во кружен калап правиме подлога од бисквити и путер: смесата треба добро и еднакво да се распореди низ калапот, со благо притискање. Ѕидовите од страните на калапот треба да се премачкаат со малку путер и на нив да се залепи хартија за печење измерена и исечена според соодветните димензии.

Долниот дел од калапот да се обвие со алуминиумска фолија.

Во длабок сад ставете ги крем-сирењето и шеќерот, па со миксер добро изматете за да се соединат. Веднаш потоа додадете ја павлаката и продолжете со бавно матење (може и со жица, без миксер). Дури матиме постепено ги додаваме кремот за готвење, па јајцата, пченкарниот скроб и цедениот лимон.

Смесата се става во калапот.

Во меѓувреме рерната треба да е загреана на 180 степени целзиусови. Го ставаме калапот за печење врз плех и во него ставаме малку зовриена вода. Печеме 30 минути на 180 степени, па уште еден час- на 150 степени. Потоа ја исклучуваме рерната и така чизкејкот го оставаме уште еден час. Во меѓувреме, рерната не се отвара.

🥧🥂Чизкејкот треба добро да се излади, првин на собна температура, потоа во фрижидер -идеално би било таму да остане 24 часа.

Раштанскиот чиз кејк комбинирајте го со наше домашно вино, и- уживајте!

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели