📅🐟Од 8 до 11 мај, старото пристаниште на Џенова-Италија, повторно ќе стане сцена на едно уникатно славење на морето: глобален фестивал, “Слоу Фиш 2025” што ги спојува љубителите на морските плодови, рибарството и одржливоста во едно длабоко сетилно и едукативно доживување.
🎣👨💼🌏Во срцето на Џенова, град со вековна морска традиција, ќе се соберат рибари, еколози, научници, готвачи, активисти и гости од целиот свет: Јапонија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Белгија, Данска, Норвешка, Велика Британија и Ирска, за да споделат приказни, знаења и практики кои ќе демонстрираат дека одржливото рибарство е можно и дека вкусот не треба да е жртва за природата.
🌊Организиран од Слоу Фуд, годинава фестивалот се одржува под мотото- „Морето: Заедничко богатство“. Во време кога океаните и морските екосистеми се под постојана закана од климатските промени и прекумерен риболов, Слоу Фиш го поставува прашањето: Како да живееме со морето, а не на негова сметка?
🎣Ќе бидат организирани многубројни панел дискусии и презентации кои ќе покажат како да се заштити морето и како да се промовираат ниско-импактни рибарски техники.
🎏На Слоу Фиш ќе бидат претставени рибарски кооперативи од заливот Гокова во Турција, кои со интересен кулинарски фестивал посветен на инвазивни видови, не само што го заштитиле локалниот екосистем, туку и го зголемиле својот приход.
🧜♂️Атракција се и жените нуркачи од Јужна Кореја, познати како „мермеди“, кои на традиционален начин нуркаат до 20 метри, собирајќи морска храна.
🐙🐟Slow Fish не е наменет само за експертите, напротив, организаторот се погрижил за анимација на сите гости преку:
💧Пазар на риба со свеж улов од сите краишта на светот.
💧Работилници за вкус кои пренесуваат пораки за еколошката свест- преку вкусот.
💧Готвачки демонстрации со рецепти кои инспирираат кон поодговорна кујна.
💧Едукативни активности за деца и семејства, во соработка со Аквариумот на Џенова, кои на најмладите им ја доближуваат магијата и важноста на морето.


