СЛОУ ФУД ФАРМИ – ИДНИНАТА НА ПЛАНЕТАТА

🌍Во светот каде индустриското земјоделство доминира предизвикувајќи катастрофалнии последици врз здравјето, животната средина, општеството и социјалната правда, Слоу Фуд нуди алтернатива што ја враќа вистинската храна до луѓето, заедниците и природата.

🐴🐥🦆Станува збор за Слоу Фуд фарми кои ја применуваат филозофијата на добра, чиста и правична храна за сите. Овие фарми преставуваат обработени земјоделски парцели правени според агроеколошки принципи а посветени на одгледување разновидни култури и животни, со длабока почит кон екосистемот, благосостојбата на животните и достоинството на луѓето. Наместо масовно производство со краткорочен профит, Слоу Фуд фарми вложуваат во одржлива, локална и етичка храна.

🔵Климатската криза, губењето на биодиверзитетот и социјалната нееднаквост најмногу ги погодуваат малите земјоделци и потрошувачи, а Слоу Фуд фарми даваат надеж и нудат конкретна акција.

👨‍🌾👨‍🍳Слоу Фуд ги поврзува фармерите со глобалната заедница на активисти, готвачи, занаетчии, потрошувачи и истомисленици кои ја делат истата визија: создавање храна која го поддржува животот, оживува, гради и лекува. Иновативниот пристап на програмата Слоу Фуд фарми е со воспоставување на т.н. аксцелератори, кои ќе бидат поддршка во воспоставувањето и работата со локалните агроеколошки фарми, нудејќи клучна поддршка за зајакнување и влијание во мрежата на Слоу Фуд. Аксцелераторите играат клучна улога во ширењето на одржливите практики и јакнењето на фармите на терен.

🐌🇲🇰И Слоу Фуд Македонија се придружува на мрежата Слоу Фуд фарми со цел да покаже дека и нашето земјоделството може да биде еколошко, економски стабилно и социјално правично.

Во постапка е воспоставувањето на првиот акселератор а преку мрежата на Слоу Фуд Македонија се номинираат првите 10 Слоу Фуд фарми, кои ќе се промовираат во текот на оваа година и ќе се приклучат на глобалната мрежа.

✅️Преку едукација, локалната соработка и фер пристап до пазарот, овие фарми ја градат иднината на храната – за луѓето, животните и планетата.

🎯Слоу Фуд фарми ќе создадат најголема глобална мрежа на фарми кои ќе произведуваат храна и ќе градат отпорни заедници, правични пазари и здрава планета.

Повеќе: https://www.slowfood.com/slow-food-farms/

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели