СЛОУ ФУД ФАРМИ. „ТЕТ-А ТЕТ СО ПРИРОДАТА“- ОДРЖЛИВА И ХАРМОНИЧНА ВРСКА ПОМЕЃУ ЧОВЕКОТ И ПРИРОДАТА

🏡Сместена на 750 метри надморска височина, на мирната висорамнина Витачево се протега фармата „Тет-а-тет со природата“, вистинска оаза каде времето тече малку побавно, и сè мириса на чист воздух, билки и сонце.

🗣-Воздухот, почвата, сонцето и богатството на растителен и животински свет се основа која дава можност, преку комбинирање на традиционалните земјоделски практики и иновативни решенија, да се создаде хармонија помеѓу човекот и природата- вели Горан Колев, сопственик на фармата, по професија инжинер- агроном со големо срце и добро планирана визија.

💪Сè започна во 1995 година, кога фармата повторно заживеала како пчеларник. Во 2002 веќе бил изграден и објект наменет за пчеларски авантури, со можност за преспивање – за оние што сакаат да се разбудат со звуци на зуење наместо со аларм. Во 2010 година на фармата пристигнува питка вода и со неа – нов живот, повеќе енергија и уште поголеми планови. Доаѓа 2017 и почнува да се гради сточарскиот дел – животните добиваат свое катче, а фармата уште повеќе ја проширува својата природна симфонија.

🍅🌶🥬Во градината од околу 100 квадратни метри расте мало зеленчуково царство: домати, пиперки, тиквици, моркови, грашок, спанаќ, компири и дури и јаболко! Мириса на босилек, рузмарин и магдонос, а меѓу листовите се кријат и невен, чубрика, џунџуле и нане. Овошната приказна ја раскажуваат старите сорти: „петровки“ јаболка, „кантарка“ круши, „присад“ и „бадникарка“ – сите накалемени на диви, самоникнати подлоги.

🦆🐝🐴Но, фармата не би била вистинска без своите животни – верни жители на овој мини еко-универзум. Тука живеат свињи, автохтони кокошки, балканско магаре, коњ, овчарско куче Караман, мачки и секако – македонски пчели.

🏘И секој би се прашал: што носи блиската иднина? Љубопитни патувачи, природољупци и сонувачи се добредојдени! Фармата ќе се прошири со неколку куќички, инспирирани од неолитот, изградени од дрво, камен, кал и слама – совршено место за да се вратиш на природата и на себеси.

-Туризмот кај нас ќе биде нешто поинакво, фокусиран на искуство, учење и враќање кон едноставноста- додава Горан. И не станува збор само за одмор, туку за цел еден животен стил: одгледување автохтони раси, зачувување на традиции и почитување на екосистемот како жив организам.

🐌Ова не е само фарма, туку и идеја, инспирација и повик за нова – потивка, поблага и поодржлива врска помеѓу човекот и природата, чувајќи ја за идните генерации. Токму затоа, „Тет-а-тет со природата“ е првиот акселератор во програмата „Слоу Фуд фарми“ кој го отпочна Слоу Фуд интернационал, а кај нас го спороведува Слоу Фуд Македонија.

Слоу Фуд фарми ја применуваат филозофијата на добра, чиста и правична храна за сите. Тие функционираат според агроеколошки принципи а посветени се на одгледување разновидни култури и животни, со длабока почит кон екосистемот, благосостојбата на животните и достоинството на луѓето. Слоу Фуд фарми вложуваат во одржлива, локална и етичка храна.

Повеќе: https://www.slowfood.com/slow-food-farms/

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели