ДВИЖЕЧКА СИЛА ВО СЛОУ ФУД СЕ ЖЕНИТЕ

🥿👞Во светот кој сè повеќе се стреми кон правда и одржливост, родовата рамноправност не е само социјално прашање, туку темел за поцврсти заедници, здрави економии и правични системи на храна. Балансот меѓу улогите на жените и мажите не е само пожелна состојба, туку и потреба, неизбежност во создавањето на подобра иднина за сите нас.

👩‍🌾Примерите ширум светот зборуваат гласно. Барбара Напини, претседателка на Слоу Фуд Италија, вели: „Жените не обезбедуваат само храна – тие се столбови на возобновување, го чуваат знаењето на претците и ги одржуваат заедниците. Во Шкотска, жените одгледуваат овоштарници што се пренесува со генерации. Во Уганда одгледуваат лековити растенија, чувајќи ја и природата и традицијата. Тие не се само земјоделки, тие се чуварки на планетата.“

Но и покрај нивната огромна и важна улога, жените често се соочуваат со неправди – ограничен пристап до земјиште, ниски примања и исклучување од процесите на одлучување. Сепак, Slow Food иницијативата работи активно на менување на оваа реалност. Со засилување на нивниот глас и поттикнување на агроеколошки практики засновани на еднаквост, се гради систем кој ги препознава жените како лидерки и носителки на промени.

👩‍🍳„Жените и земјата се експлоатираат на ист начин – се гледаат како територии за освојување и ресурси за користење – заклучува Марија Рејес, мексиканска лидерка на Слоу Фуд. Таа реалност е особено изразена во гастрономијата, каде што жените – иако ги носат, знаат и применуваат вековните знаења, често остануваат зад „сцената“, зад славните машки готвачи и далеку од клучните позиции.

🗣„Во Slow Food Macedonia жените играат клучна улога – не само во водењето на организацијата, туку и во градењето на нови перспективи – вели Тодорка Наумоска- Димески, лидерка на Slow Food Prilep и претседавач на Националниот совет на Слоу Фуд Македонија. „Во Националниот одбор, 60% од членовите се жени, од дванаесет лидери на локални конвивиуми, седум се жени. На Вториот конгрес на Слоу Фуд Македонија, 60% од 70 делегати беа жени кои активно се вклучија во дебатите и работилниците. Ова не е само бројка, туку глас, присуство и влијание.“

🐌 Слоу Фуд Македонија активно ги вклучува руралните жени, давајќи им платформа за претставување на своите производи и вештини. Два президиуми – „Буково“ и „Слатко од диви смокви“ – се водени од жени и се вистински амбасадори на македонската гастрономска ризница. И уште еден важен податок- преку многубројни гастрономски настани и медиумското присуство, се зголемува нивната видливост и пазарна вредност.

🍀Родова ревизија се реализира со финансиска поддршка од Шведска Embassy of Sweden in Skopje и шведската развојна агенција We Effect, како дел од проектот „Зајакнати капацитети на СФМК за агроеколошка трансформација“.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели